01.jpg

Врачено одличието „Претеча“ на г. Кирил Божиновски

11/24 јуни 2015 лето Господово

Премилостивата Богомајка го донесе на Своето чествување на Чудотворната икона „Достојно ест“ и нашиот драг пријател и долгогодишен доброчинител на Манастирот, г. Кирил Божиновски од Битола и го удостои на овој голем ден да го прими одличието „Претеча“, кое му беше доделено на денот на свеченото осветување на Горни и Источен Палат (26 април 2015 г.), а кое тој не беше во можност да го подигне од оправдани причини. Неопислива беше радоста на неговото лице кога од рацете на нашиот возљубен Старец, Архимандрит Партениј, го прими ова високо одличие за своето пожртвувано помагање на Манастирот во сите овие години.

02.jpg

Извор: Бигорски манастир