Скопје, 15-ти мај 2015 год.- храм на св. Петка, н. Црниче

 

На празникот на Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, во храмот на св. Петка . во скопската населба Црниче,протаставрофор Боге Димитриевски, во сослужение на ѓаконот Јане Илиев отслужи Божествена Литургија.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 Старец Паисиј Светогорец
Не би требало да испитуваме дали огорчувањето е праведно или е неправедно, од љубов или од злоба. Дали сме виновни или воопшто не сме. Но, духовната добивка што ни ја причинува секоја неправда треба да ја примаме радосно, да им бидеме благодарни на оние што ни нанесуваат неправда и постојано да Го славиме Бог.

 

Преминпортал (К.Т.)