Снимка

Снимка

Снимка

Снимка

  Снимка

Снимка

Снимка

Снимка

Снимка

Снимка

Снимка

Снимка

Снимка

Снимка

На ден 12. 05. 2015 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Македонската православна богословија, организираше поклоничко патување за матурантите и професорите при богословијата, при што беа посетени Лесновскиот манастир, женскиот манастир „Св. Спиридон“  кај Злетово, метох на Лесновскиот манастир и манастирот посветен на Животворниот источник на Пресвета Богородица – Балаклија во Марена, кој е исто така метох на Лесновскиот манастир. Митрополитот Агатангел, професорите и богословите беа пречекани од игуменот на Лесновскиот манастир, архимандрит Дамаскин, кој беше заедно со нив при посетата манастирот „Св. Спиридон“, а при посетата на Лесновскиот манастир беа пречекани од Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Учениците, на ова патување, имаа можност да се запознаат со монашкиот живот и да се поклонат пред гробот на современиот македонски чудотворец и исцелител, Св. епископ Гаврил Велички Светогорец.

 Снимка

 Снимка

 Снимка Снимка

Повеќе

Sample Image

 Извор: Повардарска епархија