Се упокои славејот на Св. Гора


Денес во утринските часови на 11.05.2015 - понеделник, се упокои славејот на Св. Гора, Старец Спиридон од Мала Св. Ана.
Роден во Солун од родители Малоазијци (Георгиос Рахонис). Ученик на Светогорската Атонијада (1968-1969) и веднаш следната година (1970) станува монах на братството од старец Герасим Имнограф во скитот Мала Св. Ана во којшто од 1998 е Старец.

Извонреден псалт и негувач на светогорската традиција. Ученик на Хариалу Талиадорос, истовремено ја изучува и светогорската музичка традиција при старец Мелетиј Сикиотски во Атонијада, но и од Дионисиј Фирфирис, Јоасаф Јоасафатски и мн. други. Во главно пееше во скитот Мала Св. Ана, но учествуваше како самостоен псалт на бденијата и славите од келиите и манастирите. 
Бог да го насели во местото каде што почиваат праведниците.

За Преминпортал: Александар Петкоски

 

Друго:



„Беше еден од најпочитуваните современи Светогорци, како поради добродетелниот живот, така и поради огромното знаење на монашкото предание и опит. Како човек со екуменски дух, секогаш беше преисполнет со љубов и постојано ги држеше во своите прегратки многубројните пријатели од целиот православен свет, особено од словенските земји. Во неговата келија често можеа да се сретнат луѓе од сите страни на светот, меѓу кои и многу Македонци. На нашата Свештена Обител Старецот беше многу љубен и скапоцен пријател.

Се молиме Бог да му подари Царство Небесно. Добар Рај, драг Старче!“