- Кога двајца се караат, третиот користи, односно кога двајца се караат третиот и по двајцата ќе удри.


Г.Г. Стефан повика на мир и човекољубие
Единството нека биде нашата сила и гаранција пред Бога да опстоиме на оваа земја, а богољубието да го искажеме со човекољубие, изнесе во своето послание поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија г.г. Стефан.

Вчерашните случувања во Куманово, потврдија дека кога ќе заборавиме на обврските кон државата и народот, и кога партиските и лични интереси ќе ни се поважни, поинаку и не може да биде. Време е конечно да сфатиме дека eдинството треба да биде нашата најголема сила и гаранција за нашето опстојување. Господ нека ни помага да го разбереме тоа што поскоро. А, во овој миг да си спомнеме и да се помолиме за здравје на повредените, и за душите на загинатите полицајци.

- Владиката Стефан истакна дека потребно е верниците да се почитуваат, односите едни кон други да се подобрат и да се почитуваат разликите и опеределбите по сите основи.

Господ да и дарува Цраство небесно - подвлече во своето послание денеска во Штип г.г. Стефан.

 

 

[youtube height="315" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=r3pd2BSfc7Q[/youtube]