Скопје, 3-ти мај 2015 год.- храм на св. Јован Крстител

  На празникот на преподобен Теодор Трихина, Преподобен Анастасиј Синајски,Блажениот Анастасиј Синаит и патријарх Антиохиски, во храмот на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец, свештеникот Борислав лазов во сослужение на ѓаконот Слободан Сарделиќ, отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бог и Му благодари. Добро е што милостивиот Бог дозволува да бидеме искушани, бидејќи ќе имавме скриени страсти и бесмислени побарувања на Судниот ден.

 


 

 

 Preminportal (k.t.)