На 19. 04. 2014 година, Недела Втора Томина, Упокоение на св. Методиј Солунски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во манастирска црква „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – радовишко, ктиторско дело на г. Николајчо Николов со семејството, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, отсужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одража пригодна беседа. После литургијата, во дворот на манастирот, ја изврши Светата Тајна Брак на над 22 возрасни парови.



Во своето обраќање, Митрополитот г. Иларион, на брачните парови им ја честита Светата Тајна Брак и Им посака долг живот и преуспевање во верата за што денес се радува и Небесната и Земната Црква бидејќи тие ја исполниле и оваа Света Тајна по што можат активно да учествуваат во Светата Жива Христова Црква. По ова Митрополитот г. Иларион го освети новоизградениот западен конак, чиј што ктиторско дело е на г. Николајчо Николов со семејството и Неговите пријатели на кои Митрополитот г. Иларион за несебичната помош Им додели Благодарници од името на МПЦ – ОА Брегалничка епарија. На светата литургија и сите чинодејствија покрај многубројниот народ присуствуваа и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Сашко Николов, Претседателот на Советот на Општина Радовиш г. Никола Миовски, г. Николајчо Николов, ктитор на манастирскиот комлекс Св. вмч. Георгиј – с. Ораовица, Директори од Русија во рудникот „Бучим“ во Радовиш како и други Јавни и Опшествени личности.

 

Извор. Брегалничка епархија