Скопје, 11-ти април 2015 год.- храм на св. Јован Крстител

Во Великата сабота го совршуваме Погребението на Божественото Тело и слегувањето во адот на Господа и Спасителот наш, Исус Христос, со кој го обнови родот човечки од распадливост и го преведе во живот вечен.
 Затоа, со Своето неискажливо снисходење, Христе Боже наш, смилувај се над нас. Амин.
Синаксар

На11 април 2015 година, на Велика Сабота, во храмот на св. јован Крстител,во скопската населба  Капиштец, отец  Сашо Додевски во сослужение на ѓаконот Слободан сарделиќ отслужи Божествена Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Preminportal (k.t.)