Скопје, 22- ри март 2015 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица

На празникот на Светите четириесет маченици во Севастија, во  храмот Рождество на Пресвета Богородица, протоереј Љупчо Вељановски   во сослужение на ѓаконот Даниел Џепчиќ  отслужи  Божествена Литургија. Многубројниот верен    народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

Старец Ефрем Филотејски

Светите отци велат дека умот лесно се осквернува, но дека лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува. Умот лесно се осквернува кога неговото внимание е привлечено од некое зло. Срцето, меѓутоа, нема веднаш да стане причасно на ова осквернување. Кога срцето ќе создаде добра духовна состојба, а подоцна на некој начин ја загуби и умот почне да се осквернува со разни работи, срцето нема лесно да се измени, зашто претходно било преобразено од благодатта, така што злото напредува полека и со тешкотии.

 

 

Preminportal (k.t.)