Скопје, 10-ти март 2015 год.- параклис на св. Мина, во Соборниот храм на св. Климент Охридски

 Денес, 10-ти март 2015 година, во вторник, од третата седмица на Светиот пост на празникот на свети Тарасиј, патријарх Цариградски, во параклисот посветен на св.Мина, во Соборниот храм, во Скопје, презвитер Горан Стојчевски отслужи Утрена богослужба.

„А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде од далеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое?

 

Молитва:
Помогни ни да се покаеме за патиштата кои не се Твои и Тебе не Ти се угодни. Уште помогни ни да ни бидат простени помислите кои не се во склад со Твојата промисла. Ова го бараме во најголемо смирение, Господи, зашто само со Твоја помош може да се очисти нашето срце, ум и душа. Само Ти можеш да ни подариш прошка и многупосакуван мир. Амин.

 

 


 

По Утрената богослужба- Кратка посета на братсвото од Соборниот храм

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)