Браќата го прашале авва Агатон: „Оче, која дорбредетел е најтешка во подвижништвото?„ Тој одговорил: „Проштевајте, но мислам дека нема потешка работа од молењето на Бога. Штом човекот ќе посака да Му се помоли, непријателите веднаш се трудат да го запрат, зашто знаат дека ништо толку силно не може да им се спротистави како молитвата кон Бога. По секој подвиг, по напорната работа, човекот добива смирение. Но, за да се моли, човекот треба да се бори до последниот миг од животот„.

- „Нема живот без молитва. Без молитва постои само лудило и страв. Душата на Православието се состои во даровите на молитвата„ - Василиј Розанов („Православниот пат„ Скопска епархија 2014 год.)

 

Избор: отец Горан Стојчевски