Скопје, 27-ми февруари 2015 г.- храм на св. Петка

АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

    На 27- ми февруари  2014 година,  во првата  недела од Великиот Пост, кога Светата Црква молитвено  го слави споменот на  преподобен Авксентиј, во  храмот на св. Петка, во Скопје, старешината на храмот,  отец Томе Велјановски во сослужение на свештениците отслужи мало повечерие, и  првиот Акатист кон Пресвета Богородица. На ова  прво   по ред вознесување на молитви кон Пресвета Богородица, присуствуваше бројниот  верен народ.  На крајот на вечерната богослужба беа благословени  празничните петолебија на  стотина  верници. 

 КОНДАК 1
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи н¢, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!


ИКОС 1
Ангел претстател од небесата беше испратен
на Богородица да • рече‘Радувај се!’
И со глас бесплотен,
гледајќи Те како се воплотуваш, Господи,
во ужас стоеше воскликнувајќи •:
Радувај се,
низ Тебе радоста заблеска.
Радувај се,
низ Тебе клетвата исчезна.
Радувај се,
на паднатиот Адам исправување.
Радувај се,
на Ева од солзите избавување.
Радувај се,
висино, и за помислите човечки недостижна.
Радувај се,
длабочино, ни за очите ангелски несогледлива.
Радувај се,
зашто царски престол Си.

 



 



 

 

Друго:

АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА 

СИНАКСАР

 Bogorodica.Sv.Gora.jpg

 

 

 

„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто неневесна!“