Скопје- храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец

На 22.02.2015 година, во Недела сиропусна, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на светиот маченик Никифор и  светиот свештеномаченик Петар Дамаскин,  во храмот посветен насв. Јован Крстител,  во Скопје, свештеникот Михаил Таневски  во сослужение на ѓаконотСлободан Сарделиќ , отслужи  Божествена  Литургија.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, отецот произнесе беседа за днешниот ден на простувањето, посочувајќи ни, дека простувањето треба да е нашето секојдневие, и само на тој начин ќе ја допреме  Христова заповед за љубовта  на  која и е туѓо  осувувањето, и во себе го носи благословеното простување.

    Старец Паисиј Светогорец

Мислам дека е многу тешко после сета жртва што Христос ја направи за нас, да завршиме во пеколот и повторно да Го растажиме. Затоа, она што ќе нè задржи од гревот за да не отидеме во пеколот, подобро би било да не е огнот од пеколот кој нè ужаснува, туку големата усрдност и огнената љубов спрема нашиот Доброчинител Христос. Накратко, од љубов не би требало да одиме во пеколот, за да не Го ожалостиме Христа. Значи, брате мој, ќе треба да внимаваме никогаш да не се разделиме од Христа, и да имаме редовен допир со Него преку молитвата. А добро е пак, на молитвата да ѝ претходи вниманието, за да не се случи како што вели пророкот Давид: “…и молитвата негова да се прими за грев.” (Пс.108, 7)

Преминпортал (к.т.)