Скопје, 16-ти февруари, лето Господово 2015- храм на св. Пророк Илија  

 

 

 

На 16-ти февруари    2015 година, во Недела Месопусна , кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија  молитвено  го слави споменот на Свети Симеон Богопримец во храмот на св. пророк Илија,  во скопската населба Аеродром, старешината на храмот свештеник Бранислав Стојанчов ослужи Божествена  Литургија . На Литургијата  верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. 

   Со благослов на старешината, во храмот се постави донаторска кутија за собирање на парични средстава за нашата сестра во Христа Јасминка, која боледува од канцер. „Милостивиот Бог нека нè просветли и на сите да ни даде покајание, за да се удостоиме сите за Царството Небесно.“

 

 

Монасите не се ниту мрзливци, ниту индивидуалци, ниту неуспешни луѓе, туку своеволно се откажуваат од световниот успех, за да успеат духовно. Значи монасите се добрите момчиња од Евангелието, коишто кога ги повикува Христос, не ги примамува ниту богатството, ниту младоста нивна, туку се жртвуваат и Го следат Христа со Крстот. На тој начин се здобиваат со бесценетиот Бисер, и не се занимаваат со суетноста на лажниот живот, бидејќи порано или подоцна сè ќе стане прав и ќе остане несреќна душата на оние што според световните мерила се успешни. Милостивиот Бог нека нè просветли и на сите да ни даде покајание, за да се удостоиме сите за Царството Небесно. Амин.

 


 

 Да помогнеме на Јасминка.

Лето Господово 2015

Забелешка: - Во св. Јован Крстител, н. Капиштец, поставена е донаторска кутија

 

Преминпортал (к.т.)