Скопје, 27-ми јануари 2015 год.- храм на св.вмч. Димитриј

 Денес, кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на  Преподобен Павле Тивејски и   Преподобен Гаврил Лесновски, во храмот на св.вмч.Димитрија свештеникот Жарко Ѓоргиевски во сослужение на ѓаконот Милан Ѓоргевиќ, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 sv.GavrilLesnovski.jpg

 

Преподобен Гаврил Лесновски

 

Кондак, глас 6.

 

На земјата си поживеал ангелски, и со животот си го објаснил Евангелието; умот свој си го свртел кон небесата, а луѓето си ги учел на благочестие. Поради тоа те славиме: Радувај се, преподобен Гавриле, Лесновска похвало.

 

 

 Старец Паисиј Светогорец

 Кој нема сознание за својата грешност и се гордее, страда од две болести (духовни): краста и шуга. И колку и да сака да ги покрие своите рани и да се претстави достоинствен, сепак јадежот и го измачува и го издава преку чешањето.

 

 

 

 

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)