• Храм на св. Петка, н. Црниче
  • Храм Рождество на Пресвета Богородица
  • Соборен храм на св. Климент Охридски

 

Храм на св. Петка, н. Црниче- на празникот на св. Јован Крстител, презвитер Игор Калпаковски отслужи Божествена Литругија.Вернопт народ се причести со Светите Христови Тајни

 

vozdvizenie.jpg

Свети Јован Крстител

 

 Старец Паисиј Светогорец

Внатрешната чистота на душата на вистинскиот човек ја разубавува и телесната, и неговиот изглед е блажен од Божествената сладост на љубовта Божја. Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава. Таа ги осветува и ги прави убави дури и парталавите алишта што ги носи облагодатениот човек Божји. Поголема е вредноста на еден благословен човек кој внатрешно променувајќи се и надворешно се осветува, отколку на оние што постојано го менуваат само изгледот (својата облека), а внатрешно го чуваат стариот човек со старите гревови.

 

  Храм Рождество на Пресвета Богородица

 

На празникот на св. Георгиј Ниски, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје. протоереј Александар Ристовски отслужи Божествена Литургија на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

vozdvizenie.jpg

Свети Григориј, епископ Ниски

 

Старец Паисиј Светогорец

Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бог и Му благодари. Добро е што милостивиот Бог дозволува да бидеме искушани, бидејќи ќе имавме ск

 

 

Соборен храм на св. Климент Охридски

 На празникот на светата маченичка Татјана, презвитер Горан Стојчевски отслужи Божествена Литургија.

На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

vozdvizenie.jpg

Светата маченичка Татијана

 

Старец Паисиј Светогорец

Често, искушенијата самите си ги создаваме, кога сакаме да се издигнеме себеси над другите. На небото никој не се качува со световно качување, туку со духовно слегување. Кој оди ниско, секогаш оди сигурно и никогаш не паѓа. Оној што не се советува при својот духовен од, ги меша патиштата, многу се заморува и заостанува. Ако не се смири да праша, макар и подоцна, тешко ќе стигне до целта. Додека пак, оние што се советуваат го минат патот одморени, сигурни, просветлени од смирението и под закрилата на благодатта Божја.

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)