„Те славиме, Ти пееме, Те благословуваме и Ти благодариме, Боже на нашите отци, зашто Ти ја подигна ноќната темнинина и пак ни покажа дневна светлина. Се молиме на Твојата добрина, очисти ги нашите гревови и прими го нашето молење по Твоето големо милосрдие, зашто кон Тебе, милостивиот и сесилен Бог, прибегнуваме. Дај да засветли во нашите срца вистинското сонце на Твојата правда, просвети го нашиот ум и запази ги сите наши чувства, та одејќи чесно како по ден, по патот на Твоите заповеди, да стигнеме во вечниот живот, зашто во Тебе е изворот на животот и да се удостоиме да бидеме во насладата на Твојата недостапна светлина. Зашто, Ти си нашиот Бог и Тебе слава Ти вознесуваме на Отецот и Синот и Светиот Дух сега и секогаш и во сите векови„ (Воскресна Утрена, молитва дванаесета).