Денес  отец Гаврил, игумен на манастирот на св. Прохор Пчински, Донибрук, Аватралила доби награда за Денот на Австралија за неговата мисија во Австралија од Министерот за Одбрана Kevin Andrews.

Исто така, отец Гаврил е спомнат во официјалниот говор на премиер на Австралија, Tony Abbott.

ЧЕСТИТО ОТЕЦ ГАВРИЛ

https://www.youtube.com/watch?v=60k739mhtkw&feature=youtu.be

+++

 

 

Бигорски манастир:

Се радуваме за наградата на нашиот брат, игуменот Гаврил, кој со пожртвувана христијанска љубов неуморно работи за придобивање на душите за Христа во Австралиската земја. Оваа награда е една потврда за големата мисија која о. Гаврил ја спроведува за да ја претстави во најубава светлина нашата Света Македонска Православна Црква. Се радуваме и на Австралиската Влада која ги забележува трудовите на луѓето и ги наградува добрите дела.

Нашиот Старец, архимандрит Партениј и нашето братство и сестринство му ја честитаат оваа награда, просејќи молитви од Бога, за Он постојано да го поткрепува со Својата благодат и да му ги обновува силите за извршување на уште повеќе добри дела.

Од уредниците

+++

 Првиот македонски монах во Австралиско-новозеландската епархија, отец Гаврил добил награда за денот на Австралија, за неговата мисија во Австралија, од Министерот за одбрана Кевин Ендрјус. Ова признание добива уште повеќе на тежина ако се знае дека отец Гаврил е спомнат во официјалниот говор на премиерот на Австралија, Тони Абот, по повод доделувањето на наградите за 20 годишнината од Денот на премиерот.

- Ние ги подржуваме сите членови на заедницата, како што е примерот со Отец Гаврил, за неговото служење во локалната епархија. Тој обезбеди 400.000 кои што беа наменети во хуманитарни цели. Со вакви примери докажуваме дека основната насока на нашата земја е не тоа што мора да го направиме, туку тоа што ќе избереме да правиме. Не тоа што го правиме за нас, туку тоа што го правиме за другите.

Отецот Гаврил, после покојниот архиепископ Михаил е вториот клирик на МПЦ кој добива меѓународно признание.

 

Извор: sitel.com.mk