На 07.01.2015, Божик I ден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света Божествена Литургија во соборниот храм „Св Кирил и Методиј“ во Тетово. На Литургијата покрај многубројниот верен народ присуствуваше и Премиерот на Владата на Република Македонија г. Никола Груевски, Министерот за надворешни работи г. Никола Поповски, претседателката на РСС г-ѓа Александра Зафировска, и пратеничката г-ѓа Светлана Карапетрова. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!

 

Извор: Тетовско- гостиварска епархија