Za heder -------------------------------.jpg

Идниот суд
 
 Веќе се беше стемнило. Светителот само што ја завршил својата редовна ноќна молитва. Се спружил преку камењата, како што имал обичај, да поспие. Но сонот не доаѓал. Времето поминувало. Дошло полноќ, а тој с# уште со отворени очи го гледал бескрајното небо со ѕвезди и месечина.
 Така сосема сам, помислил на страшниот суден час, се сетил на своите гревови и почнал да плаче.

 Одеднаш, го видел небесниот свод кој како завеса се повлекувал, а зад него се појавувал Господ Исус Христос! Бил огромен и лебдел во воздухот. Околу Него се построиле сите небесни чинови, ангели, архангели... набљудувајќи Го со страв и трепет, со многу почитување и побожност.
 Господ му дал знак на заповедникот и тој Му пришол, сиот заслепен од светлината.

 - Михаиле, кнезу на Заветот – му рекол. – Подигни го со својата чета (собор) огнеобразниот престол на славата Моја и појди во долината Јосафатова. Постави го таму да биде спремен за Моето доаѓање. Да, бидејќи нема да задоцни судниот час, кога секој ќе ја прими наградата за своите дела. Поитај, се приближи тој ден. Ќе платат сите што се поклониле на идолите и се откажале од Мене - својот Создател, кои богови ги нарекуваа камењата и дрвјата што им ги дадов за нивните потреби. Сите тие ќе се разбијат како грнчарски сад66.  Така ќе биде и со Моите непријатели и со еретиците, оние кои се осмелија да ме одвојат од Мојот Отец и оние кои се осмелија да го понижат Мојот Утешител, Духот. Тешко ним, какви маки ги чекаат!
 - Ќе им објавам сега и на Јудеите кои не поверуваа и Ме распнаа. Кога бев на Крстот, зборуваа: Аха, Ти што го уриваш храмот… спаси се себеси!67  Сега ќе ја применам Својата власт и ќе судам праведно. Одмаздата е Моја. Јас ќе отплатувам.68  Ќе судам, разобличувам, осудам и строго ќе го казнам развратниот и лукав род, бидејќи му дадов шанса да се покае, а тој не ја искористи. И сега ќе се одмаздам.
 - И содомитите, кои го осквернија воздухот и земјата со смрдеата своја, Јас Кој ги изгорев повторно ќе ги изгорам, бидејќи се одвратија од сладоста на Светиот Дух и ја возљубија ѓаволската наслада.
 - Сега ќе платат и прељубодејците, неразумни и помрачени. Не им беше доволна нивната сопствена жена, туку како угоени коњи: секој од нив ’ржи по жената на ближниот свој69.  Така, поради своето безумие, се испратени во огнениот амбис каде што сатаната ги врзал. Зар не слушнаа дека е страшно да се падне во рацете на живиот Бог?70  Сепак, не се исплашија. Затоа сега ќе ги казнам строго. Им понудив покајание, а тие не се покајаа.
 - Ќе ги казнам и крадците, и убијците, и злочинците. Во Тартар ќе ги фрлам. Сега ќе им покажам колку изгубиле што не го слушале Бога и Неговите заповеди. Каде се нивните добри дела? Каде им е покајанието? Им го дадов како пример блудниот син, но и многу други, за да не паднат во очајание. Но тие ги прескокнаа Моите заповеди. Мене ме замразија, а блудот го засакаа. Од Мене се откажаа, а станаа робови на гревот. Нека паднат тогаш во огнот кој сами го распалија.
 - Оние кои умреа во злопамтење ќе ги предадам на страшен немир. Бидејќи не го засакаа Мојот мир, туку живееја во гнев, лутина и злоба.
 - Ќе направам да исчезнат лакомите, лихварите, среброљупците и идолопоклониците, кои ја положија својата надеж на златото, а ме оставија Мене, како да не се грижев за нив.
 - Ќе ги осудам и оние наводни христијани што велат дека нема воскресение на мртвите или дека постои селење на душите. Сите нив ќе ги стопам како восок во гееаната и со огнот ќе ги претворам во прав и пепел. Тогаш ќе им покажам дали има воскресение на душата или не.
 - Бајачите, гатачите и познавачите на ѕвезди сосема ќе бидат уништени, ќе се развејат по ветрот и ќе исчезнат.
 - Пијаниците и безделниците ќе бидат фрлени во провалија. Тешко ним кои пеат и играат, гордо и бесрамно сквернословат. Со сенката своја си играат. Ним праведно и беспристрасно ќе им судам. Ги повикав, а тие не само што не Ме послушаа туку и уште повеќе Ми се потсмевнаа. На сите им понудив милост и покајание, но никако кон Мене не се свртија. Сега црвот ќе им го изеде срцето.
 - Оние што ги презреа Божествените Писма напишани од Мојот Дух и рацете на Моите светители, ќе ги фрлам во темнина и невиделица. А бидејќи не ги исполнија Моите заповеди, туку им се потсмеваа, сега Јас ним ќе им се исмеам, ќе ги посрамам и ќе ги предадам на огнот.
 - И оние што прибегнуваат кон заколнување и кон бајачи за да се исцелат, тие што веруваат дека ќе им помогнат ножеви, мотики, српови и други магиски орудија, строго ќе ги разобличам. Тогаш ќе им биде јасно дека требало да се надеваат на Бога, а не на Неговата твар. Тие секако ќе се спротивстават бунејќи се и барајќи оправдание, но ништо нема да им помогне, бидејќи стигнал веќе часот на наплатата.
 - Ќе ги казнам, се разбира, и царевите и кнезовите кои постојано Ме огорчуваа со своите неправди. Нивните одлуки беа беззаконски, нечесни, горди и погубни за луѓето. Земаа дарови и судеа пристрасно, користејќи го правото за да ја покријат неправдата. А Мојот суд не зависи од даро-вите. Како Господ и Бог, ќе направам да исчезнат според нивните лукавства. И тогаш ќе разберат дека Страшниот, Кој ги скротува духовите на кнезовите, пострашен е од земните цареви.71  Несреќи нивни! Какви маки ги чекаат! Бидејќи со забите свои крцкаа против Мене.72  И проливаа невина крв, крвта на синовите свои и на ќерките свои!73 
 - На каков само гнев ќе ги предадам и оние свештеници што не беа вистински пастири, туку беа наемници! Вие кои ги растуривте74 овците мои75, кои итате по злато и сребро, кои недостојно примивте свештенство…
 - Колку страшна ќе биде нивната казна!? Колкава е нивната мака!? Во својот гнев и својата лутина ќе ги потресам!76 Гледаа да стекнат пропадливи овци и говеда, а за Моите словесни овци не ги заболе душата. Тогаш ќе ги посетам со жезалот поради нивното беззаконие, и со рани - заради неправдите нивни.77 Што се однесува до свештениците кои се шегуваат или се расправаат во светите Мои цркви, во оган ќе ги изгорам, во Тартар ќе ги фрлам и како тула ќе ги искршам!
 Јас сум Оној Кој ќе дојде. Дојдов и повторно ќе дојдам. А кој ќе најде сила, нека застане пред Мене!
 - Тешко на беззакониците што ќе паднат во Моите раце! Бидејќи ќе стојат пред Мене голи и откриени.78  Каде тогаш ќе биде нивната бесмртност? Како ќе погледнат во Моето лице? Каде ќе го скријат својот срам кога ќе бидат посрамени пред сите Мои ангели?
 - Ќе ги осудам и монасите што живееја безгрижно и така не го сочуваа ветувањето што го дадоа пред Бога, ангелите и луѓето, оние кои едно одредуваа, а друго правеа. Нив ќе ги зграпчам и ќе ги фрлам во амбис, бидејќи не им беше доволна само нивната гибел, туку соблазнија и наведоа на грев и други. Подобро ќе им беше да не се откажеа од светот, отколку што се откажаа, а проживеаја грешно и блудно.
 - Јас сум Оној Кој ќе казни, Јас сум Оној Кој ќе врати, Јас ќе судам како праведен Судија на сите кои не сакаа да се покајат!
 Со трепет ги ислушале неброените сили ангелски, громогласните Господови зборови упатени кон чиноначалникот Михаил.
 - Донеси ми ги седумте векови на создавањето на светот! – му заповедал Тој на архангелот.
 Михаил веднаш тргнал во домот на Заветот и ги донесол. Тие биле едни големи книги. Ги положил пред Господа и се тргнал настрана, гледајќи со страв како Тој ги врти страниците на историјата и чита с# што се случило низ вековите.
 Така, Судијата ја зел книгата на првиот век, ја отворил и рекол:
 - Овде најпрво пишува: Отец и Син и Свет Дух, еден Бог во три лица. Од Отецот се роди Синот, Творецот на вековите. Преку Словото на Господа се зацврстија небеса-та, и преку Духот на устата Негова - сите сили нивни.79
 Потоа свртил малку понатаму во книгата и рекол:
 - Овде пишува: образ на невидливиот Бог е првиот човек Адам, со својата жена Ева. Седржителот на Адам, Бог, Творецот на с# видливо и невидливо, му даде заповед, еден закон. Со држењето на тој закон ќе биде загарантиран блажениот човечки живот, бидејќи секогаш ќе го потсетува дека Бог е над него.
 Погледот му се насочил понатаму.
 - Овде пишува за престапот кој го направи човекот - образот Божји. Тој беше измамен и падна. Или подобро кажано, падна поради својата сопствена немарност и невнимание. Затоа беше истеран од рајот по праведен суд и одлука Божја, зашто како на бесрамен престапник, не му доликуваше да живее во таква добрина.
 Повторно свртил малку понатаму.
 - Каин – рекол – го послуша советот на ѓаволот и го уби Авел. Тој секако ќе изгори во геената огнена, бидејќи остана непокаен. А Авел ќе живее вечно.
 Малку подолу, прочитал:
  - Пример на благословот е Сит. Икона на осветувањето е Енос. А праобраз на Моето вознесение е Еноховото80.
 Вртејќи така страница по страница, Тој стигнал до крајот на книгата и рекол:
 - Книгата на првиот век: овде се запишани животот и смртта, правдата и беззаконието, смирението и превознесувањето на луѓето што се родиле во тие години. Секому ќе му се суди според делата негови.
 На ист начин, Тој ги прелистал и другите пет векови. Потоа ја зел во рацете последната книга и рекол:
 - Почеток на седмиот век: тоа е крај на вековите и почеток на злобата, лукавството, среброљубието и немилоста. Луѓето сега стануваат полукави отколку некогаш, завидливи, лицемерни, славољубиви, сластољубиви и потчинети на сите гревови.
 Тој поминал малку понатаму низ книгата, нешто прочитал, а потоа ги подигнал очите нагоре, удрил со раката по челото, ги покрил со дланките очите и накратко останал така неподвижен. Одеднаш, како да се повратил, зборувајќи си како Самиот на Себе: „Навистина овој седми век ги надмина во неправда и лукавство претходните шест века!”
 Погледнал повторно понатаму во книгата и рекол:
- Незнабошците и нивните идоли се соборени со Мојот Крст и сотрени се со копјето и клинците со кои беше прободено Моето живоносно Тело.
 Накратко замолчил, а потоа повторно се наведнал над книгата.
 - Дванаесет кнезови на Големиот Цар – рекол – бели како светлина го потресоа морето. Ги уништија ѕверовите. Ги удавија змиите. На слепите им дадоа вид. Ги наситија гладните. Ги осиромашија богатите и пред с#, уловија многу луѓе, давајќи им нов живот. Голема е нивната награда!
 Малку понатаму Тој прочитал:
 - Јас, Љубениот Син, избрав за Себе и маченици. Нивната приврзаност се вознесе до небесата. Нивната љубов стигна до Мојот престол. Нивниот копнеж влезе во Моето срце. Горам од нивната љубов! Славата Моја и силата Моја е со нив!
 Потоа свртил многу страници и се насмевнал.
 - Човекот кој со побожност го сочува владеењето на Седморидието81 и примајќи царување над него, стана служител на Мојата љубов, Мој ревнител и подражавач. Затоа му доликува Царство Небесно.
 Потоа бргу поминал и други страници. А на едната застанал и воскликнал:
 - Невесто Моја прекрасна и многудрагоцена! Колку лажговци се обидуваа да те понижат и обесчестат! Но ти Мене не Ме издаде, својот единствен Љубеник! Те нападнаа небројни ереси, но карпата на која си основана не се поколеба, бидејќи вратата адова нема да ја надвладее82.     Поминувајќи на следната страница, Господ рекол:
 - Овде се запишани сите човечки зборови, и добрите и лошите, кои смртта успеела да ги престигне, а не биле избришани со покајание.
 Понатаму биле запишани сите други човечки прегрешенија – многу, безбројни, како песокот морски! Господ ги прочитал, секој момент свртувајќи ја главата и тешко воздивнувајќи, додека мноштво ангели, вон себе, стоеле во трепет од страшното читање.
 Тој веќе дошол до средината на седмиот век, кога пуштил глас на негодување.
 - Доста е веќе! Оваа последна книга е преполна со злобни гревови. Какви лаги, какви зла, какви непријателства, какви убиста, смрдеа и нечистотија! Доста е! Ќе го пресечам тоа наполу, за гревот еднаш засекогаш да се уништи!
 Тој веднаш на чиноначалникот Михаил му дал знак за Суд.
 Михаил во истиот момент отишол кај својата војска – толку бројна, што и земјата им била мала! Тие го подигнале неописливиот престол на Господа и се оддалечиле. А оддалечувајќи се пееле:
  - Свет, Свет, Свет е Господ, страшен, голем, висок, чудесен и прославен во вековите на вековите.
 Потоа се оддалечил и чиноначалникот Гаврил со својата војска, гласно пеејќи ја победничката химна:
 - Свет, Свет, Свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава.83
  Од тоа страшно славословење на небројните усти ангелски се потресле небото и земјата.
 Трет бил отпуштен чиноначалникот Рафаил со војската која пеела:
 - Еден е Свет, еден е Господ, Исус Христос, во слава на Бога Отецот. Амин.84
 Најпосле заминала и четвртата војска. Нивниот водач Уриил бил бел како снег, сиот од светлина и потресно убав. Заминувајќи, и тој пеел со воодушевување:
 - Бог на боговите проговори и ја повика земјата од истокот на сонцето до западот. Од Сион, кој е врв на убавината, ќе се појави Бог; иде нашиот Бог, и ќе прозбори; пред Него оган ќе се разгори, околу Него бура... и останатите стихови од Псалмот.85
 Неговите војници пак воскликнувале:
 - Стани, Боже, суди &  на земјата, зашто Твои се по наследство сите народи.86 Благословен е кој ќе дојде, бидејќи Он ќе &   суди на вселената по правда, и на наро-дите -  според Својата вистина.87 
 Потоа пред Бога го донесле прославениот Негов крст кој светел како молња и неискажливо мирисал. Двете војски, Властите и Силите, Го држеле со многу благоверие и почит. Глетката била страшна и потресна.
 Додека полека пристапувале, Силите пееле:
 - Ќе Те превознесувам, Боже мој, Цару мој, и ќе го благословувам името Твое сега, секогаш и во сите векови88.
 А Властите антифоно пееле:
 - Превознесувајте Го Господа, нашиот Бог, поклонувајте Му се во подножјето на нозете Негови, зашто тоа е свето.89  Алилуја, Алилуја, Алилуја.
 Потоа била дадена божествената заповед повторно да дојде чиноначалникот Михаил. Тој веднаш се појавил пред Господа заедно со еден ангел кој држел нешто налик на лак со бледорозова боја, на чиј крај висела голема труба. Трубата однадвор била покриена со кадифе, а одвнатре со нешто налик на прав. Однадвор пишувало ,,ВОСКРЕСЕНИЕ НА МРТВИТЕ”, а на внатрешната ,,ЖИВОТ ВО БЛАГОВЕРИЕ НА УПОКОЕНИТЕ”.
 Господ ја зел во рацете, дувнал трипати и изговорил три тајни збора. Потоа ја предал на архангелот Михаил и му рекол:
  - Земи ја ова труба и појди на Голгота, каде што ги испружив на Крстот непорочните Свои раце. Таму дувни трипати и чекај.
  Потоа ја повикал другата војска - Началствата, и му рекол на нивниот заповедник:
 - Земи ја свештената своја чета и расејте се по целиот свет. Воздигнете ги на облаците светителите од исток и запад, север и југ и доведете ги кај Мене, на средба, штом ќе се слушне трубата.
 На еден друг ангел му заповедал да се превртат небото и земјата од гнилежност во негнилежност, да се помрачат сонцето и месечината, да паднат ѕвездите, да се исушат реките и морињата, с# да се умртви…
 Потоа праведниот Судија внимателно погледнал на земјата и видел магла и мрак насекаде, пиштење и силни лелеци, човечко викање и воздишки од тешката тиранија на сатаната. Змијата беснеела и полудувала. С# уништувала и газела како трева, додека ги гледала Божјите ангели како &  спремаат вечен оган.
 Набљудувајќи го злото, Исус повикал еден огнен ангел, чиј лик бил строг, погледот суров, а изразот немилосрден. Тоа бил заповедникот на ангелите што го надгледуваат пеколниот оган. Па му рекол:
 - Оди и земи го Мојот жезол кој крши и врзува. Земи и миријада ангели од својата чета, оние најспособните и најодбраните, кои се одредени да казнуваат. Ќе отидете на духовното (мисленото) море, ќе најдете траги од Змијата, силно ќе ја зграбите и ќе ја истепате со стапот Мој без милост, с# додека не ви се предаде војската на нејзините нечисти духови. А тогаш сите цврсто ќе ги врзете со силата на Мојот жезол и ќе ги фрлите во најлошите мачилишта!
 Кога ангелската чета заминала да го фати кнезот на темнината, му била дадена божествена заповед на архангелот кој ја држел трубата. Насекаде завладеала потполна тишина, како с# да умрело.
 Се слушнала првата труба и телата на мртвите се обновиле. Се огласила втората труба и излегол од неа Духот Господов и повторно се вратила секоја душа во нејзиното мртво тело. Страв и трепет го опфатило секое битие. Морници и ужас ги потресле небото и земјата.
 Се слушнала и третата труба, уште пострашна, и ги потресла сите. Мртвите веднаш станале од гробовите. Глетката била страшна! Сите се исправиле – а биле неброени и повеќе од зрната на својата земја. Одеднаш како густ дожд почнале да слегуваат небесните чинови кон Престолот на Подготовката, пеејќи гласно:
 - Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, полна е земјата со страв и трепет.90 
 Сиот народ и неброената ангелска војска стоеле и гледале нагоре, очекувајќи со ужас и страв да слезе на земјата страшната божествена власт.
 Но одеднаш громови и молњи го раздвоиле воздухот, додека страшен земјотрес ја потресол долината на Судот. Се збуниле сите и затрепериле.
 Небесната тврдина се повлекла како завеса.
 Зад неа се појавил Чесниот Крст, блескајќи како сонце и распространувајќи божествени зраци. Го држеле свети ангели, отварајќи го патот на нашиот Господ Исус Христос, Судијата на вселената.
 Набргу се слушнало нечуено славословие од безбројни усни:
 - Нека е благословен оној, кој оди во името на Господа.91 Бог е Господ и ни се јави,92 Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот.93
 Кога завршила таа жива химна, се појавил Судијата на облаците, седејќи на високиот и огнен престол, кој со пресветлите пламени ги осветлувал небото и земјата.
 Одеднаш, среде мноштвото воскреснати мртовци, некои почнале да светат како сонце и да се вознесуваат во висините, кон облаците, за да се сретнат со својот Господ. Но многу од нив, за жал, останале долу. Тие горко плачеле бидејќи не биле удостоени да ги земат на облаците и душите им биле нажалени од тага и болка. Паднале на колена пред Бога, но с# било залудно, па пак станале.
 Во кругот околу престолот на Подготовката, на кој заседавал Големиот Судија, се построиле сите небесни сили со страв и трепет. Оддесно на Него застанале сите кои биле донесени на облаците. Останатите биле одведени од Неговата лева страна, а меѓу нив биле Јудејците, господарите, архиереите, јереите, царевите и мноштво монаси и мирјани. Тие стоеле посрамени, оплакувајќи се себеси и тажејќи за својата гибел. На лицата им бил отсликан срам, скрушеност, очајание, ужас… тешка тага ги беше снашла! Некои длабоко воздивнувале. Други роптале со мака. Трети биле потонати во очајно, мртвечко молчење. Од никаде немало утеха, ниту некаква надеж…
 Напротив, оние што стоеле од десната страна на Судијата биле ведри и блескави како сонцето. Сите биле свечено сериозни, прославени и сјајни како светлина, сите огнени, осветлени како од некаква богосветла молња – ако не е пресмело да се каже – како и нивниот Господ Бог.
 Тука страшниот Судија погледнал и на едната и на другата страна. На десно погледнал со задоволство, и нежна насмевка Му се појавила на усните. Потоа се свртил кон оние што стоеле лево, но веднаш се вознемирил и го тргнал погледот од нив.
 Се слушнал Неговиот моќен и величествен глас како им зборувал на првите:
 - Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот; оти гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и ме примивте; необлечен бев и Ме облековте; болен бев и ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене.94
 Тогаш тие во недоумица Го запрашале:
 - Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме? Кога Те видовме како странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме? Кога Те видовме болен или во затвор и Те посетивме?95
 А Тој им одговорил:
 - Навистина ви велам, доколку  сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте ми го направиле.96
 Потоа со гнев се свртил кон другите, на оние лево од Себе и им рекол строго и со гнасење:
 - Одете од Мене, проклети, во оган вечен, подготвен за ѓаволот и неговите ангели. Зашто гладен бев и не ми дадовте да јадам, жеден бев и не Ме напоивте, странец бев и не Ме прибравте, необлечен бев и не Ме облековте, болен и во затвор бев и не Ме посетивте.97
 Со чудење, тие го запрашале:
 - Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен или во затвор и не Ти послуживме?98
 - Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа и Мене не сте ми го направиле. Исчезнете пред мене, жители на темните места во земјата!99  Во крајна темнина! Таму ќе биде плач и крцкање со заби,100  таму  ќе се мачите и ќе плачете во вековите!
 Штом Судијата ја објавил големата Своја одлука, од исток една огромна огнена река силно се излеала и потекла кон запад. Таа била широка како море. Гледајќи ја сите грешници од левата страна се наежиле и побледеле од страв.
 Тука Господ заповедал преку таа река да поминат сите, и праведните и грешните, огнот да ги искуша. Најпрво влегле оние што стоеле оддесно. Сите поминале, биле искушани и излегле како чисто злато преку огнот. Нивните дела не само што не согореле туку преку искушението се покажале и посјајни и почисти. Со неопислива веселба виделе праведниците дека во нивните добри дела не се нашла никаква дамка.
 Потоа и оние што стоеле одлево дошле на ред, за да ги искушаат и нивните дела. Но додека поминувале преку огнот, пламенот ги пржел, бидејќи тие биле грешни и ги заробил среде река. Нивните дела веднаш пламнале како слама. Но телата им останале недопрени, за да горат вечно со ѓаволот и демоните. Никој од нив не успеал да излезе од огнената река. Како достојни за казна и осуда, сите биле заробени од огнот.
 Откако грешниците биле однесени во пеколот и пламените јазици ги фрлале на разни места за казна, страшниот Судија станал од престолот и отишол во Својот небесен дворец. По Него заминале и сите Негови небесни светители. И Го опкружиле силите небесни со страв и трепет, пеејќи:
 - Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе Царот на славата101,  Господ и Бог, заедно со Своите светии на кои им дарува вечно наследство.

(Повеќе)