На 19. 12. 2014 година на празникот на Светиот Николај Чудотворец – архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, кој е Патрон и Заштитник на градот Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија.

По празнично слово и доделувањето на благодарници на Заводот и Музеј Штип и Директорот на Завод и Музеј Штип г. Зоран за целосната помош и соработка помеѓу Музејот и Брегалничката епархија, Мирополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со Градоначалникот на Општина Штип прим. м- р г. Илчо Захариев, Заменик Министерот за Земјоделие г. Ване Костадинов, Пратениците во Собранието на РМ од Штип, свештенослужителите и многубројниот православен народ, изврши Литија од Соборниот храм Св. Николај до Градскиот Плоштад во Штип, каде го благослови и пресече славскиот колач, по што надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион одржа содржајна беседа. По ова во салата на Советот на Општина Штип се одража Духовната Академија по повод Заштиникот и Патронот на Градот Штип, во организација на Градоначалникот прим. м- р г. Илчо Захариев и Советот на Општина Штип. На свечената академија Градоначалникот на Општина Штип прим. м- р г. Илчо Захариев го одликува г. Никола Груевски, Премиер на Владата на РМ, со златен орден со ликот на Св. Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, изработен специјално за оваа пригода, кој во Негово име го прими Заменикот Министер за Земјоделие г. Ване Костадинов. Истотака Градоначалникот на Општина Штип им додели признанија и на граѓани за нивниот допринос за Градот Штип. Истиот ден, по повод Патронот и Заштитникот на Градот и спомен собата чие име го носи токму на Светиот Николај Чудотворец, во Касарната „Јане Сандански“ во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, по покана од Генералот на 2 – рата Меанизирана Пешадиска Бригада г. Стојанче Димков, присуствуваше на свечениот ручек по повод Патронот и Заштитникот на Градот Штип.

 

Извор: Брегалничка епархија