Dalibor.Panihida1.jpg


“...живееме ли, умираме ли - Господови сме.“ (Рим.14.8)


Dalibor.Panihida2.jpg

Dalibor.Panihida2.jpg

Пеејќи ги зборовите на апостолот од неговата посланица до Римјаните, во моментите на голема тага, се потсетуваме на фрагилноста на  човечкиот живот и незаменливоста на личностите кои преминале од овој во идниот свет. Во тие моменти, не можат, а да не прозвучат и стиховите на псалмопевецот: “...дните на човекот се како трева, како полски цвет, така прецутува тој. Ќе дувне ли над него ветар и веќе го нема и местото негово веќе  не се познава...“ (пс.102) Сепак местото на нашиот другар Далибор и брат во Воскреснатиот Христос, истовремено е место на тага и радост,  жал и утеха, зашто он преминал во Царството на Господа; далеку од нас физички, но преку Христа вечно со оние, кои се спасуваат и живеат  во благочестивата вера на христијаните.


Dalibor.Panihida2.jpg

Денес по Вечерната богослужба, во прилепскиот соборен храм Св.Благовештение - Стара Црква, се отслужи Панихида за упокоение на душата на Далибор Китановски - апсолвент на Богословскиот Факултет и поранешен воспитаник на Македонската Православна Богословија. По тој повод
неговите поранешни соученици и колеги на Факултетот чтец Емилијан Зелнички, чтец Александар Трајкоски, Марко Иваноски, младиот чтец и  сегашен ученик на МПБ „Св.Климент Охридски“ Дамјан Трпковски, заедно со протопсалтот м-р Георгиј Секулоски се помолија за упокоение на  неговата душа, вечно спомнувајќи си со соборна љубов за починатиот брат и благодарност кон Бога за неговата светла личност.

  • Од длабочините на нашите срца одекна молитва, соединувајќи се со заупокоената ектенија - Бог да ја всели “...твојата душа таму каде што  почиваат праведниците на место мирно, место покојно, таму каде што нема ни тага, ни болка ни воздишка туку живот бесконечен.“

На панихидата отслужена и возгласена од о.Благоја Илиоски присуствуваа и верници кои споделувајќи ја нашата тага и непребол се соединија
со нашите молитви.
Од сесрце ја изразуваме нашата љубов и поткрепа до неговото семејство, со молитвена порака дека тие од сега натаму ќе бидат и наше семејство, како аманет  од нашиот Дац.
Нашите молитви се слаби, но Бог да го помилува по Неговото милосрдие и човекољубие.

  • Вечнаја памјат возљубен наш Даци.

 

 Dalibor.Panihida2.jpg

 Dalibor.Panihida2.jpg

 Апостол на Панихида за Далибор (Рим.14.6-9)