Boban.Moshtite.jpg

 Скопје, 22 мај 2014 год.-храм на св. Николај Чудотворец , н. Јане сандански


 

Boban.Moshtite.jpg

   


Со голема духовна радост објавуваме дека во недела, 22. 06. 2014 лето Господово, во параклисот "Свети Николај Чудотворец", за последен пат од нивното доаѓање по благословот и благоволението на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, ќе бидат поставени на поклонување, во периодот од 8.00 до 19.00 часот, моштите на свети Николај.

 

Boban.Moshtite.jpg

   -Параклис на св. Николај Чудотворец-

 

Boban.Moshtite.jpg

 




 Од Вескиот календар на МПЦ:

prorok.Malahija.jpg

Свети Николај, Чудотворец Мирликиски

Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се лееше од нив. На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како Свети Николај му го врати видот на слепиот крал Стефан.




 

 

21-јуни, лето Господово 2014