Evpraksi.svet.jpg

На 12. 6. 2013 година, Неговото високопреосвештенство, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Општина Гостивар оствари работна средба со градоначалникот г. Невзат Бејта. На состанокот беа отворени повеќе прашања кои го засегаат секојдневното живеење на жителите на Гостивар и околината, а најмногу време беше посветено на верскиот и меѓуетничкиот соживот, како и на духовните потреби на православните христијани.

Од своја страна, градоначалникот г. Бејта, му го честиташе изборот за надлежен архиереј на новоформираната епархија на МПЦ на оваа територија на митрополитот Тетовско-гостиварски, посакувајќи му успех во работата. Исто така, со должно внимание и љубезност ги ислуша предлозите и иницијативите на православното население, покажувајќи ја со голема искреност својата конструктивност и подготвеност, во рамките на законските можности и надлежности, но и во духот на надалеку прочуениот манир на гостиварци за заедништвото и меѓусебна почит, што особено се стимулира и мотивира за време раководењето на актуелната локална власт, да помогне во реализирањето на истите.

  Evpraksi.svet.jpg

 

Извор: Тетовско- гостиварска епархија

Синиша Георгиев