01.jpg

  Митрополитот Европски во посета на Бигорски

02.jpg

 03.jpg


28 мај/10 јуни 2014 лето Господово

Денес во посета на свештената Бигорска обител пристигна почитуваниот Митрополит Европски, г. Пимен, во придружба на отец Виктор Стојчев, секретар на Европската православна епархија и парохиски свештеник во Лондон, отец Блажо Кожарски, редовен парохиски свештеник при МПЦО „Свети Наум Охридски“ – Малме, Шведска и Слободан Кутлешовски, претседател на ЦУО во Малме, како и нивните гости од Министерството за социјала при шведската Влада и Одделот за доделување економска помош на верските заедници во оваа скандинавска земја: Ake Goranson, Orjan Wallin, Max Stockman и Katja Wahlsten. Ценетите гости беа примени од страна на нашиот старец, архимандрит Партениј, кои со големо задоволство им ја покажа Бигорската светиња. Гостите се веќе неколку дена во посета на Република Македонија, при што имаа прилика да се сретнат со Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и со поглаварите на другите верски заедници кај нас.

 04.jpg

 05.jpg

 07.jpg

 Извор: Бигорски манастир