01.jpg

Ректорот на Московската духовна академија во Бигорски

02.jpg
29 мај/11 јуни 2014 лето Господово

На голема радост на Бигорското братство и Раичкото сестринство, со благослов на Неговата Сесветост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, висока делегација на Московската духовна академија (МДА) денес ги посети нашите два манастира. вните домаќини од Македонија, почитуваните проф. д-р Велимир Стојковски – Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Делегацијата беше предводена од почитуваниот Ректор на МДА, Архиепископот Верејски Евгениј (Решетников), кој допатува кај нас заедно со Проректорот за научно-богословска работа, протојереј Александар Задорнов и раководителот на Балканскиот кабинет при МДА, ценетиот професор - славист Алексеј Мстиславович Пентковски, инаку долгогодишен пријател на нашата свештена обител. Во придружба на високите пратеници од МДА беа и нии протопрезвитер проф. д-р Ацо Гиревски – Декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Ценетите гости беа срдечно и гостољубиво пречекани од нашиот старец, архимандрит Партениј, кој со голема љубов и внимание ги запозна гостите со историјата на манастирот, како и со евангелско-просветната дејност на Бигорското братство. Архиепископот Евгениј, видливо задоволен од тоа што го виде во нашите манастири, од името на целата делегација топло се заблагодари за убавиот прием.

Пред два дена Ректорот на МДА во Скопје имаше средба со Претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорге Иванов, а го посети, исто така и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

  04.jpg

 05.jpg

 07.jpg

 08.jpg

  09.jpg

 10.jpg

 11.jpg

 

Извор: Бигорски манастир