TOME.jpg

       Скопје, 14- ти  април  2014 год.- храм на св. Петка на Велики Понеделник

  TOME.jpg

  Свето Евангелие од светиот апостол Јован (зач. 10)

Рече Господ: „3ашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен. Оти Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Кој верува во Него - нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, оти не поверувал во името на Единородниот Син Божји. А овој суд е за тоа што Светлината дојде на светот, но на луѓето им омиле повеќе мракот отколку светлината, оти нивните дела беа лоши. Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат осудени неговите дела, оти се лукави. А оно

  TOME2.jpg

TOME.jpg

       На 14- ти април 2014 година, во   Великиот Понеделник, кога Светата Црква молитвено  го слави споменот на света Марија Египетска, во храмот на св. Петка,  во скопската населба Црниче, отец Томе Велјановски  во сослужение на ѓаконот Јане Илиев  ослужи Литургија на претходноосветени дарови. Бројниот верниот народ  се причести со претходноосветените  Христови Тајни.

  TOME.jpg

  TOME.jpg

  TOME.jpg

 TOME.jpg

 TOME.jpg

 

Свети Силуан Атонски

Љубовта не зависи од времето и секогаш има сила. Некои мислат дека Господ страдаше заради Својата љубов спрема човекот, но бидејќи тие самите таа љубов не ја наоѓаат во својата душа, мислат дека тоа било некогаш одамна. Но, кога душата ќе ја познае љубовта Божја преку Светиот Дух, тогаш таа јасно чувствува дека Господ ни е Татко, најродениот, најблискиот, најмилиот, најдобриот и дека нема поголема среќа од тоа да се љуби Бог со сиот ум и со сето срце, со сета душа, како што ни заповедал Господ, и ближниот како самиот себеси. И кога таа љубов постои во душата, тогаш таа на сè се радува. А кога љубовта се губи, тогаш човекот не наоѓа спокој, и се возмутува, и ги обвинува другите за тоа што тие, божем, го навредиле, и не разбира дека самиот е виновен. Тој ја загуби љубовта спрема Бога и го осуди или го намрази братот. Благодатта доаѓа од љубовта спрема братот, и со љубовта спрема братот се чува. Но, ако не го љубиме братот, тогаш благодатта Божја нема да дојде во душата.

  TOME.jpg

 TOME.jpg

 TOME.jpg

 

 Преминпортал (к.т.)