Oд 08.04 до 14.04 2014, во Скопје, се одржува 26.
Меѓународен саем на книгата. И оваа година на него учествува
Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија со својата
издавачка дејност. На нашиот штанд ќе бидат изложени поголемиот дел од
црковните изданија. Саемот ќе биде отворен за посетители од 10:00 до
20:00 часот.
- Петок, 11. април, во 17:00 часот, промоција на книгите „Плаошки мироглед“ и „Евхаристија“, во издание на Дебарско - кичевската епархија.
- Сабота, 12. април, во 13:00 часот, промоција на издавачката дејност на Скопската епархија.

- Денес, среда, 09. април, во 18:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Пејач на покајанието“ , во издание на Повардарската епархија.
- 9-ти април, лето Господово 2014