Во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид денеска беше промовирано македонско-словачкото издание на „Прогласот кон Светото Евангелие на Константин Филозоф“, дело објавено во знак на одбележување на 1150-годишнината од моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј ...

Обраќајќи се пред присутните претседателот Ѓорге Иванов направи паралела меѓу симболиката на одбележувањето на дведецениските односи на Република Македонија и на Република Словачка со длабоките корени на македонско-словачкото пријателство.

Иванов потсети на битката што светите Кирил и Методиј ја воделе за да им овозможат на словенските народи сами да го спознаваат Божјото слово, сами да ја создаваат и пренесуваат својата култура, традиција, сами да ја пишуваат својата историја.

- Правото на сопствен јазик, на образование, на самоидентификација и денес се основни универзални и европски човечки вредности. Битката на нашата генерација е да го негуваме и афирмираме нивното наследство, благодарение на кое ние денес имаме наш светоглед, наша посебност и идентитет, истакна Иванов.

03_Kiril_i_Metodij

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска нагласи дека денешната промоција на луксузното издание на „Прогласот“ кон светото евангелие составен од светиот Кирил Филозоф несомнено ги потврдува пријателството и довербата помеѓу двете држави, го потврдува континуитетот на македонско-словачките културни врски кои траат и се негуваат повеќе од единаесет века и кои се длабоко поврзани со мисијата на браќата Кирил и Методиј.

- Ова издание на „Прогласот“ претставува прилог кон заемното збогатување, кон потврдувањето на постојаната размена на духот, кон верата и културата на нашите народи...Синтезата на културните вредности меѓу Македонија и Словачка ќе претставува сериозен предизвик за сите нас и во иднина. Соработката мора непрекинато да се развива, бидејќи од заемен интерес за двете страни е засилената позиција во размената на духовните придобивки и градењето на патот на заемното македонско-словачко културно пријателство, поддршка и разбирање во годините што доаѓаат пред нас, додаде Канческа-Милевска.

Повеќе