Pimen.Evropska.jpg

  • „Спасителу наш, кога се крсти во Јордан, ги освети водите, прифаќајќи еден слуга да ги положи своите раце врз Тебе, за да го исцелиш светот од страстите. Голема е тајната на Твоето јавување! Човекољупче Господи, слава Ти“

 Pimen.Evropska.jpg

Pimen.Evropska.jpg


Големиот христијански празник „Богојавление“ –  Водици беше прославен низ сите православни храмови во Европската епархија. Централното празнување годинава се одржа храмот Св.„Архангел Михаил“ во Неиве – Италија,     каде со светата Архиерејска Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Европски г-дин Пимен, а во сослужение на парохискиот свештеник протоереј Михајло Матевски.
По отслужената  Литургија се изврши Голем Богојавленски водосвет, а со голема духовна радост верниците пеејќи го Богојавленскиот тропар се упатија кон реката Танаро, каде беше положен Крстот за осветување на водите.

Pimen.Evropska.jpg
 

  • Во сите православни храмови низ Европската епархија на Божествените Литургии по повод овој празник присуствуваа и голем број на верници, а дел од нив имаа среќа и да го фатат крстовите кои беа положени во светите води.


Оваа наша традиција предизвика големо внимание, интерес и љубопитност во сите места каде што се одржуваа празнувањата, а настаните не останаа незабележани дури и од страна на тамошните медиуми кои сакајќи да ги запознаат своите читатели со нашата традиција известуваа на печатените весници и медиуми.

 Pimen.Evropska.jpg

 Pimen.Evropska.jpg

 Pimen.Evropska.jpg

 Pimen.Evropska.jpg

  Pimen.Evropska.jpg

    Pimen.Evropska.jpg

 Pimen.Evropska.jpg

 Pimen.Evropska.jpg

 Pimen.Evropska.jpg

 Pimen.Evropska.jpg

 

За Преминпортал:

Константин Павлевски