o.TADEJ.jpg

 Луѓето  се променливи  како ветерот. Денес се за тебе , утре се против тебе. Кој може да го запре  ветрот, и кој може на светот да му угоди? Ако на секого гледаш  да му угодиш, сигурно, себе си ќе си сториш неволја. Евангелието вели: Мудроста на простите. Да бидеме пред  светот ништо, да би пред Бог биле нешто .

Вистината е вечна и кој се држи до вистината, вистината и ќе го чува  во неговиот живот, зашто самиот  Господ  рече: "Јас Сум Патот,  Вистината и Животот. " Исак Сирин вели во 10 век: "Едваj може да се најде  благородна душа кој навистина го сака Господ. " Да бидеме искрени кон  Господ како кон себе си. Како што и ние не можеме да се откажеме од себе си, така и Господ не може да се откаже  од нас, бидејќи ние сме Неговото создание Да  се молиме на Господ , макар онолку  колку и луѓето кои нам ни се молат  да им сториме добро, и да правиме добро на  другите ,колку што сакаме и тие нам да ни прават добро. Да не се врзуваме за земјата, туку да се врзуваме за Небото. Земјата останува, а Небото вечно трае и за вечниот живот кој не поминува, секој треба со духот да се преобрази.

 Подобро сами себе си да се осудиме,  за Господ да не не осуди . Ако самите се осудуваме, тогаш се знае дека сме  се покајале  и дека  нема повеќе  да грешиме . Да не им судиме на  другите за да не ни се суди нам. Да проштеваме  за да ни се прости  и нам. Мене  Бог ми е се, Бог е моето битие ... Душата моја љуби и благодари и го фали непрестано Господа . Бог на никого не се одмаздува . Бог не казнува за да не  привлече кон  себе, бидејќи Тој не љуби  и го  чека нашето враќање. Секој човек мора да се претопи  како што  се топи  златото, од зло во  добро, од мрзеливост  во работа , од незнаење во знаење, од немудрост во  мудрост. Заедница со Бога е живот и светлина и радост на сите добри луѓе . И оние кои отстапуваат  од Него, Тој ги  отпушта , бидејќи тие самите така  одбрале. Оној кој не го сака  Бог, Бог на никого не му се наметнува. Оној кој  Него го сака, тој ќе бере рајски  плодови. Оддалечување од  светлината е темнина , оддалечување од  Бог е смрт. Без Бога ни преку прагот, со Бога и преку морето.

( Св. Отец Тадеј Витовнички )