25.06.2013 год.

 

На втор ден Духовден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел сослужуваше на Светата Божествена Литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. На Литургијата, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан благоволи и ја положи својата рака врз главата на досегашниот ѓакон, дипломираниот теолог Климент Станковски од Скопје и го ракоположи во чин свештеник, па така Македонската православна црква стана побогата за уште еден пастир, кој под Божјата закрила треба мудро и верно да му служи на својот народ, да се усовршува во добродетелта и да работи посветено и ревносно во проповедањето на словото Божјо.


 

 (Повеќе)

Повардарска епархија

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/