sv.Jovan.Sangajski.jpg

 Како се сведочат светителите

Ценетиот професор Борис Бошковски  беше многу скромен човек јас го запознав подоцна во неговата старост . Тогаш бев студент на теолошки факултет и него секогаш го среќавав во црква на литургија  стоеше  или седеше секогаш на исто место  во црквата / некаде назат десната страна во црквата, од скромност несакаше предни места во црквата/. Многу пати сме разговарале после богослужбите, неколку пати бев кај него да го посетам  бидеќи беше многу исцрпен од староста и болеста и сакаше да си помуабети со некого . Разговаравне за разни нешта за историски собитоја патешествија и страданија на нашиов народ,  за црквата во минатото на овие простори .. Но најинтересни и со голем впечаток секако ми беа разговорите  за св. Јован Шангајски.  Она што го разговаравне со него за св. Јован, претежно е запишано во книгата, која професорот Борис во детсвото ученик на св.Јован во Битолската  богословија, ја имаже припремено во староста своја  и мнозина ја имаа прочитано.

  Но овдека сакам да споделам нешто друго, сакам да го опишам неговото растреперување,  неговите солзи кои едноставно неможеше да ги сопре иако тоа се обидуваше да го направи. Лугето кои живеат надвор од црквата  можеби ќе почнат да анализираат во областа на психологијата , па да даваат некој видувања или заклучоци , и можеби ќе речат тоа е од староста, од болеста, осаменоста  и жалење заради младоста и ред други работи .  Но  ,тоа секако  не е така , зашто професорот Борис не лееше солзи секогаш кога говореше за неговата младост или кога говореше за некои собитија од  „ негово време“, туку само кога говореше за св. Јован . Овие солзи возљубени браќа и сестри, ние ги препознаваме како плач заради оддалеченоста од убаината на присуството Божје во светите оци  и силната  желба која се јавува како надемоционален притисок, кој го проникнува целото битие и го поттикнува на реализирање на оваа желба да се биде блиску до оние кои го носат во себе  мирот, љубовта, добрината милосрноста,сострадателноста , правдата ,светоста . Зошто оние кои го соградија во себе царството Божје неминовно се приметуваат наоколу преку ширењето на наведениве пројави, и тие оставаат незаборавна импликација на личноста , која не се заборава и не се брише со наитието на времето , туку постојано пак и пак делува на побожните луге како поттик од овој претвкус, за залагање да се биде во царството Божје  заедно со сите светии , таму каде што сјае Убавината на Лицето Божје полна со љубов, радост и мир и секој убав дар за кого копнее човековото битие. Таму да се најдеме сите вечно . Амин!

/Засведочено од о.  Горан Тасески/+++

Ве покануваме на бдение во чест и спомен на св. Јован Шангајски / Битолски/ во резиденционалниот манастир „св. вмч. Георги Победоносец “- Криви Дол ,Скопје.   На 01.07.2013 г.  во 22.00 часот , за време на бдението ќе бидат изложени за поклонение моштите  / кои се во Скопје донесени од богословот  Стојан -Серафим/ каде  покрај парче од одеждата од св. Јован Шангајски , ќе биде изложен и Новиот Завет,со неговиот потпис.

 Нека ни е за здравје и спасение и смирение пред Господа а за Слава Божја .Амин!