Aco.Romanija30.jpg

  5. Учество на Меѓународната научна конференција на Универзитетот во Букурешт   

  Aco.Romanija30.jpg

  Aco.Romanija30.jpg

               

  •     – На 14 јуни го откажавме патувањето за Сибиу и посетата на раководството на Теолошкиот факултет во Сибиу на сметка на Меѓународната научна конференција по повод 1150-годишнина од Моравската мисија на Св. Кирил и Методиј - Придонесот на Кирил и Методиј во развојот на европската култура, во организација на: Универзитетот од Букурешт, Факултет за странски јазици и книжевности и Катедра за руска и словенска филологија, а на иницијатива на амбасадите на Чешка, Бугарија, Хрватска, Полска, Србија, Словачка, Македонија и на Руската Федерација во Букурешт. Конференцијата ја отвори и ја водеше проф. д-р Антоанета Олтјану, раководител на катедрата за славистика (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).                                         На пленарната конференција, по проректорката на Универзитетот во Букурешт, амбасадорите на Чешка, Словачка и Македонија, од името на УКИМ во Скопје, говореше проф. д-р Ацо Гиревски, декан на Богословскиот факултет во Скопје, кој што со аплауз беше поздравен.   
  •                                                                                          Резиме                                
  •       – Испратен текст до Ректорот на УКИМ во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски  од Амбасадорот Н.Е. д-р Лазаревски: „Почитуван Ректоре, Денес заврши посетата на Деканот на теолошкиот факултет, ценам дека беше исклучително успешна, реализирани посети и средби на 4 теолошки факултети на 4 универзитети (Крајова, Питешти, Букурешт и Констанца), денес деканот учествуваше со поздравно обраќање и на Меѓународна научна конференција на Универзитетот во Букурешт, посветена на 1150 години од Моравската мисија на светите Кирил и Методиј, оствари средби со еден митрополит и уште двајца архиепископи, а вчера имаше сослужение со Архиепископот г. Теодосиј од Томис при литургијата за празникот Вознесение Христово во катедралната црква во Констанца. Секаде беше нагласено дека е декан од УКИМ и беа пренесени поздрави од Вас и, возвратно, беа пратени поздрави до Вас. Убеден сум дека за деталите лично ќе ве информира деканот Гиревски“ (Статиите изложени на конференцијата ќе бидат објавени во списанието „Романославика“ (присутно на BDI и оценето од CNCS на ниво Б).                 
  •     – Уважаемый профессор !Спасибо большое еще раз за ваше присутствие на нашей конференции. Вышлю вам в приложении несколько фото от церемонии.Всего хорошего,

проф.др. Антоанета Олтяну
Директор департамента русской и славянской филологии

Крај на Информацијата за посетата на Теолошките факултети во Романија

  Aco.Romanija30.jpg

 Aco.Romanija30.jpg

  Aco.Romanija30.jpg

 Aco.Romanija30.jpg

 Aco.Romanija30.jpg

 
За Преминпортал : проф. д-р Ацо Гиревски, декан на Богословскиот факултет во Скопје
21. 06.2013 год.