Aco.Romanija11.jpg


3. Информација за посетата на Универзитетот во Букурест, Романија         

    Aco.Romanija11.jpg                  

  •     – На 12 јуни бевме во посета на Богословскиот факултет „Патријарх Јустинијан“ при Универзитетот во Бујкурешт. Делегацијата беше примена од деканот на Теолошкиот факултет протопрезвитерот-ставрофор, проф. д-р Стефан Бициу и продеканите проф. д-р Константин Преда и проф д-р Георге Холбеа. И овој Богословски факултет има статус на редовна членка на Универзитетот. Овојпат на делегацијата од Скопје се придружи нашиот постдипломец на овој Факултет теологот Илче Мицевски, кој живее во Букурешт. Разговорите се водеа во деканатот на Универазитетот, каде што беа разменети нивното и нашето искуство. Јеромонахот д-р Григориј го запраша деканот проф. д-р Преда како го чуваат споменот за професорот д-р Димитрие Станилое. Ни беше одговорено дека на него е посветена аулата при Факултетот, дека му бил ментор на актуелниот декан и дека студентите сè уште учат од неговите учебници. Г-дин Мицевски праша под кои услови догматиката во три тома би можеле да ја преведеме и на македонски. Ни беше одговорено дека ќе дознаеме откако пред тоа ќе се праша ќерката на Станилое за авторските права.

 

Aco.Romanija11.jpg

  Aco.Romanija11.jpg

 Aco.Romanija11.jpg

  • Потоа ги разгледавме просториите за настава, библиотеката, и одделот за реставрација и заштита на икони и слики и продрумскитие простории кои беа наменети за изложба на оригинални дела на судентите по црковна уметност. Ни беше речено дека ќе ни испратат Статут на англиски јазик, како и формулари за Договор за соработка. Разменивме подароци и се фотографиравме.
  • Aco.Romanija11.jpg
  •     Во Букурешт го посетивме седиштето на Патријаршијата и местото каде се гради новата најголема досега црква во православниот свет. Попладнето заминавме за Констанца во посета на Архиепискиопијата Томас и Универзитетот „Овидиус“ на Констанца. Бевме сместени во хотелот Ројал, а вечеравме во резиденцијата на архиепископот г. Теодосие, заменик ректор за надворешна соработка на Универзитетот во Констанца.

 

  • Aco.Romanija11.jpg

  Aco.Romanija11.jpg


  • Aco.Romanija11.jpg
  • Aco.Romanija11.jpg

 

  •   Има продолжение

 

  • За Преминпортал : проф. д-р Ацо Гиревски, декан на Богословскиот факултет во Скопје
  • 19. 06.2013 год.