Ivica.Sv.Pismo50.jpg


Ivica.Sv.Pismo50.jpg

СЕДМИЦА НА СВЕТОТО ПИСМО (затворање)

Ivica.Sv.Pismo50.jpg

На последниот ден од седмицата посветена на Светото Писмо, утрото на 16.06.2013 г. во храмот посветен на свети Георгиј Победоносец во Чаир, презвитер Ивица Тодоров одслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Ivica.Sv.Pismo50.jpg

Во денешното литургиско читање Нашиот Господ Исус Христос со Првосвештеничката молитва му се обраќа на Татка си да ги сочува учениците затоа што не се од овој свет и ќе мораат да ја истрпат омразата на светот. Оваа молитва е веќе 20 векови и ден-денес ја чувствуваме како милост врз нас. Затоа можеме да го познаеме Отецот и од Него ни пратениот Исус Назареецот, да поверуваме во Нив и да стекнеме живот вечен. Живеејќи ја таа вера, Му го овозможуваме пристапот на Создателот до нашите срца. Тогаш во нас почнува да се одвива процесот на нашата преобразба и богоуподобување. Во таа состојба добиваме потреба да сведочиме дека и во овој свет може да се почувствуваат Добрината, Љубовта, Вистината и Убавината како предвкус на Царството Небесно.

Во овој дух, со водство Божјо и со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, помина седмицата која трета година се одржува со посветеност на Светото Писмо. Во таа смисла, презвитер Ивица Тодоров ги повика присутните ова затворање да биде за сите ново отворање.

Со поетско – музичка вечер во амфитеатарот крај спомен куќата на Мајка Тереза свечено се затвори седмицата посветена на Светото Писмо. Со своите нови поетски остварувања се представија Михаил Ренџов, Вера Симовска, Ѓоко Здравески, Иван Антоновски и многу други. Овој настан со своето пеење и музика го исполнија црковни хорови и вокални и инструментални солисти. По свеченото затворање следеше трпеза на љубовта.

 Ivica.Sv.Pismo50.jpg

 Ivica.Sv.Pismo50.jpg

 Ivica.Sv.Pismo50.jpg

 Ivica.Sv.Pismo50.jpg

   Ivica.Sv.Pismo50.jpg

  Ivica.Sv.Pismo50.jpg

 Ivica.Sv.Pismo50.jpg

  Ivica.Sv.Pismo50.jpg

 

Ivica.Sv.Pismo50.jpg

 Ivica.Sv.Pismo50.jpg

 Ivica.Sv.Pismo50.jpg

      

За Преминпортал: Ратислав Кардалев