sv.Nikola.ka.jpg                                                                                                                  
         До                                          12-ти Јуни 2013
                                                      Виндзор, Онтарио
Светиот Синод
          на
Македонската Православна Црква
     Охридска Архиепископија


Ваше Блаженство,
Ваши високопреосвештентва,
Ваши преосвештенства,


 По повод небесното преминување на Митрополитот Кирил, ние членовите на црквата свети Никола од Виндзор, Онтарио, Канада; парохијскиот свештеник прота ставрофор Д-р. Александар Мустеников, претседателот Томе Дамчески заедно со управата, женската секција и целокупното членство на верниците, изразуваме искрено сочувство кон Неговата фамилија и кон сите Вас  Неговите колеги и соработници како и кон раководното тело на Полошко Кумановската Епархија.

Ние длабоко го цениме доприносот на Митрополитот Кирил во борбата за стекнување и зачувување на афтокефалноста на нашата Македонска Православна Црква и за огромниот допринос во формирањето и организирањето на црквите во Американско-канадската Епархија.

Се молиме Господ Бог,  нашиот Спасител Господ Исус Христос на кој тој му служеше целиот свој живот ја прими неговата душа во Рајот и ја насели во место каде што пребиваат душите на праведните луѓе.

Нека му е вечен споменот!


Парохијски свештеник                   Претседател                    Секретар


Прт.-ст. А. Мустеников                Томе Дамчески               Славе Трпески