Ivica.Sv.Pismo.jpg

 Ivica.Sv.Pismo.jpg

СЕДМИЦА НА СВЕТОТО ПИСМО (ден 3)
За православното прифаќање, исповедање и практикување на Откровението Божјо

Ivica.Sv.Pismo.jpg

Во рамките на третата седмица посветена на Светото Писмо,
на 11.06.2013 во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
се одржа трибина на тема: „Кој начин на прифаќање, исповедање и практикување на Откровението Божјо може да се нарече православен / правоверен ?“

    Во отворањето на трибината, презвитер Ивица Тодоров ги подтикна присутните на размислување на три современи прашања на православното практикување на христијанската вера :
1.    Значењето на Светата Тајна Крштевање за спасението на човекот го прави чинот крајно сериозен. Во раното христијанство се зборува за крштевање бебиња и деца од христијански семејства. Тогашниот поим „христијанско семејство“ и денешниот формален начин на практикување на православната вера е сериозно и отворено прашање.
2.    Православната теологија децидно ги осудува празноверието, баењето, гатањето и окултните пракси. Бидејќи ова се практикува од христијаните денес се поставува прашање како да се актуализира решавањето на овој проблем ?
3.    Некои го поставуваат прашањето за мисијата на Црквата во современиот свет и во тој контекст се заговара пасивност на Црквата. Додека Нашиот Господ Исус Христос јасно заповеда: „одете и научете ги сите народи и крштевајте ги“.

Ivica.Sv.Pismo.jpg

Ivica.Sv.Pismo.jpg

Воведничарите: презвитер Игор Калпаковски и доцент д-р Милан Ѓорѓевиќ ги загатнаа присутните со инсистирањето на Христос за Неговите следбеници да се одкажат од мајка, татко, брат, сестра, жена. Поради ваквиот начин на дефинирањето на православната вера, нејзиното прифаќање мора да се одвива под закрила на Црквата од страна на за тоа определени духовни водители. За жал, присутна е праксата на традиционално пренесување на верата вон Црквата.
Читањето на Светото Писмо не смее да биде цел сама за себе туку да нѐ доведе до средба со  Христос.
За преиспитување се и нашите очекувања со кои одиме во Црквата. Најчесто пред Господ одиме со прозби за меѓучовечките односи, материјални прашања, здравје, духовен раст и слично. Ова само по себе не е спорно но станува спорно ако на тоа се остане или ако молитвата ни се услиши и нашиот духовен живот замре.
Сето тоа е премалку за богатството кое со истрајност ни е на дофат и довербата која можеме да ја изградиме.
Затоа да размислиме за основните завети на монаштвото: сиромаштво, девственоста и послушанието. Истите применети и од световните луѓе доведуваат до преумување, отвораат нови перспективи и љубовно заедништво. Од почетна состојба на робување, смиреност и понижување преку неочекувани пресврти доведуваат до потполна слобода и полнота.
Светото Писмо обилува со сведоштва за вакви пресврти кои треба да ни го дадат предвкусот на придобивките од безрезервното препуштање на Божјата Волја.
За жал многу христијани ковчежето со непроценливото богатство кое им е подарено со Светото Крштевање никогаш го немаат отворено. И никогаш не го прават решителниот чекор на Девојчето Марија кога дознала дека нашла милост од Бога и ќе рече – еве ја слугинката Господова, нека биде волјата Негова.

 Ivica.Sv.Pismo.jpg

   Ivica.Sv.Pismo.jpg

За Преминпортал: Ратислав Кардалев