Ivica.Sv.Pismo.jpg

На 09.06.2013 во 19 часот во амфитеатарот кај Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје свечено се отвори Седмицата посветена на Светото Писмо од 9 до 16 јуни 2013.
Седмицата посветена на Светото Писмо, се одржува по трет пат, со водство Божјо и со благослов на Неговото блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан.
Организатори се Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Скопската Православна Епархија и Движењето за организирана духовна обнова на Македонија „ДОДОМА“.
Ivica.Sv.Pismo.jpg

 Ivica.Sv.Pismo.jpg

 Ivica.Sv.Pismo.jpg

 Ivica.Sv.Pismo.jpg

Седмицата ја отвори презвитер Ивица Тодоров кој истакна дека со Седмицата би сакале да го продолжиме вековниот напор на духовните отци на Црквата да се пренесат на новите генерации верата во Словото Божјо кое ни е одкриено од Тој кеј Е, од Изворот на Светлината, Патот и Вистината.
Во тој контекст јеромонахот Атанасиј Арсоски ја промовира книгата „Светоотечко богословие“ од протопрезвитерот Јован Романидис.
Со своето пеење и музика отворањето го збогатија црковни хорови и Алексо и Трајче Димови.
Присутните можеа да ги прегледаат и да се збогатат со изданијата на Скопската епархија на МПЦ – ОА и на Библиското здружение на Р. Македонија.
 
Ivica.Sv.Pismo.jpg
 
 Ivica.Sv.Pismo.jpg

ПРОГРАМА НА СЕДМИЦАТА ПОСВЕТЕНА НА СВЕТОТО ПИСМО
од 9 до 16 јуни 2013
Тема на овогодишната Седмица:
„Откровението Божјо и спознанието човечко, неодвоиви извори за осознавање на ВИСТИНАТА“

Понеделник, 10. 06. 2013, 18 и 30 часот; место: салата на соборниот храм „Св. Климент Охридски“
Предавање: „Православната христијанска вера и духовност – решение за духовната и моралната криза во општеството;
предавач: епископ лешочки д- р Јосиф
• Целта на горенаведеното предавање е во разоткривањето на духовната сила, мудрост и визија на православното христијанство од кое се очекува да биде модел, насока и решение за горливите проблеми и искушенија со кои се соочува современиот човек и општество

Вторник, 11. 06. 2013, 18 и 30 часот; место: салата на соборниот храм „Св. Климент Охридски“
Трибина на тема: „Кој начин на прифаќање, исповедање и практикување на Откровението Божјо може да се нарече православен/правоверен?“;
воведничари: презвитер Игор Калпаковски; презвитер Бобан Митевски; д-р Милан Ѓорѓевиќ;
• Целта на Трибината е во објаснувањето на тоа што денес може и треба да се нарече православно/ правоверно христијанство, а што мора и треба да се разобличи како лажно исповедање и практикување на православното христијанство. Трибината нема за цел да критикува туку љубовно да советува и насочи дека со погрешното исповедање и практикување на православната христијанска вера човекот го губи благословениот живот во овој свет и вечниот живот во идниот век

Среда, 12. 06. 2013, 18 и 30 часот;
место: салата на соборниот храм „Св. Климент Охридски“
Трибина на тема: Откровение и наука - прв дел;
воведничари: д- р Даниела Велеска Стефковска; м-р Томче Ширков; презвитер Ивица Тодоров;
• Оваа Трибина, во првиот и вториот нејзин дел, се занимава со едно крајно суштинско прашање за современиот човек, а тоа е односот помеѓу верата во Откровението Божјо запишано во светите книги на Стариот и Новиот Завет и сознанијата за светот кои ни доаѓаат од науката. Воведничарите ќе се обидат да го докажат фактот дека најчесто науката, која не е оптоварена со идеолошки рамки и предрасуди, го потврдува Откровението Божјо. А од друга страна Откровението Божјо и дава смисла и визија на науката и ја чува од злоупотреба од оние на кои злото им е принцип на постоење

Четврток, 13. 06. 2013, 18 и 30 часот; место: салата на соборниот храм „Св. Климент Охридски“
Трибина на тема: Откровение и наука - втор дел, во рамките на вториот дел од трибината ќе биде прикажан документарецот „Икони на еволуцијата“;
воведничари: д- р Даниела Велеска Стефковска; м-р Томче Ширков; презвитер Ивица Тодоров;

Петок, 14. 06. 2013, 18 и 30 часот; место: салата на соборниот храм „Св. Климент Охридски“; Предавање: „ За автентичноста на светите книги на Стариот Завет, односно за тоа како истите се запишувани, пренесувани и канонизирани“;
предавач: презвитер Ивица Тодоров;
• Смислата на двете следни предавања е во воведувањето во вистината за тоа како, од кого и на кој начин се запишувало и од кого било канонизирано и автентично сочувано Откровението Божјо во овој свет. Денес постојат многу центри на моќ на кои сериозно им пречи Вистината Божја запишана во Светото Писмо. Исто така Светото Писмо се злоупотребува од разни основачи на секти и култови кои преку него ги манипулираат своите жртви. Затоа, од неопходна важност е да се разбере вистината дека Светото Писмо е изнедрено од Црквата – од старозаветниот и од новозаветниот Народ Божји - и дека надвор од неа тоа не може вистински да се разбере и спасително да се живее

Сабота, 15. 06. 2013, 18 и 30 часот; место: салата на соборниот храм „Св. Климент Охридски“-

 

Лето Господово 2013