03-ти јуни, лето Господово 2013

 
hristos.kurbinovo.jpg
Суштинското расположение кај оној што се кае е: „Господи, како знаеш, спаси ме, а јас ќе се трудам, и нелицемерно, без отстапувања, без негодувања, со чиста совест ќе исполнувам сѐ што ќе сфатам и можам!“ Оној што во себе има вакво расположение, Господ навистина го прифаќа и делува во него како Цар. Тој има учител, молитвеник, плодоносец, владетел – Бог. Тоа е семето на небесното дрво што живее во срцето.

Божјото Царство е во нас кога Бог царува во нас, кога душата во својата длабочина Го исповеда Бог како свој владетел, кога Му е покорна со сите свои сили, и кога Бог моќно делува во неа „и прави да сакате и да дејствувате според Неговата волја“ (Фил. 2, 13). Темелот на ова Царство се поставува во моментот на одлуката човекот да Му служи на Бога во Господ Исус Христос, преку благодатта на Светиот Дух. Тогаш човекот-христијанин своите свест и слобода, од кои всушност се содржи суштината на човечкиот живот, Му ги предава на Бога, а Бог ја прима оваа жртва на тој начин што доаѓа до сојуз помеѓу човекот и Бог, се воспоставува завет со Него, кој, пак, е прекинат со падот и волните гревови. Овој внатрешен сојуз се запечатува, утврдува и станува способен да опстане и да се зачува со благодатната сила во Божјата Тајна Крштение, а за оние што паѓале после Крштението – во Светата Тајна Покајание, и потоа постојано се зацврстува во Светата Тајна Причест. (Повеќе)