На годинешниот јубилеен 25-ти МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 09. 04. 2013 година до 15. 04. 2013 година на Скопскиот саем, за прв пат ќе земе учество и Македонската православна црква- Охридка архиепископија
Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

\\

Саем на книгата 2013 
14.03.2013. 

Почитувани,

Ве известуваме дека во рамките на првото учество на Македонската православна црква на годинешниот јубилеен 25-ти МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 09. 04. 2013 година до 15. 04. 2013 година на Скопскиот саем, Повардарската епархија ќе ги претстави сите свои изданија од своите две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и беспалтни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“, како и примероци од илустрираната едиција „Библиски настани“. Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

 БИБЛИОТЕКА

Св. Гаврил Лесновски

 ПОСТАНЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД НАШАТА БИБЛИОТЕКА!

Денес, повеќе од било кога, во време кога ревноста за побожен живот ослабнува и има сѐ поголема желба за приклонување кон духот на овој свет, „кој во зло лежи“, во време кога православната младина, заталкана и без патоказ, во сѐ поголем број припаѓа кон Мајката Црква, чувствувајќи неизгаслива духовна глад и жед за спознавање на вечната Вистина и Живот, се наметнува насушната потреба верниците што подобро да ја осознаат православната вера и православниот дух преку Светото Предание и учењето на Светите Отци, како и преку животот на многу современи свети старци и подвижници, кои се особено живи примери на светост и голема духовна поткрепа за сите оние Христијани, кои сакаат да живеат вистински духовно и православно во денешните услови на отворено Богоотстапништво и Богозаборавеност.

За таа цел, Библиотеката „Св. Гаврил Лесновски“ започна со издавање и подготовка на многу светоотечки, светопреданиски и душекорисни книги, но, со оглед на тоа дека живееме во време на криза, им се обраќаме на сите оние кои се подготвени да го помогнат богоугодното дело на нашата Библиотека, помагајќи им така на многу души кои се гладни и жедни за словото Божјо, и подготвувајќи си го така за себе и за ближните патот кон вечниот живот. Однапред Ви благодариме, и ве чекаме за соработка.

Издадени книги

1.Молитвеник; 2007, стр. 220;                                                                                                                           

ЦЕНА: 100 ден.

2. Св. Јован Кроштадски – ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА ЗА ДУХОВНИОТ ЖИВОТ

(Во што е спасението на христијаните? Како да се исцелиме од гревовната расипаност? Во што се пројавува Божјата промисла? Зошто се испраќаат неволји? Како да се стекнеме со смирение на духот?); 2007, стр. 143;

           Повеќе...  

ЦЕНА: 100 ден.

  Повеќе:

 http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=78&Itemid=104