45 години од хиротонијата на Митрополитот Кирил (19.11.2012 )

На 18. 11. 2012 година во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ се отслужи Света Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на епископот Велички г. Јосиф и епископот Лешочки г. Јосиф и бројно свештенство од кумановско-полошката епархија.  На Литургијата присуствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Со оваа Литургијата се одбележаа 45 години од хиротонијата на најстариот член на Синодот на Мкедонската Православна Црква, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.

                                                                                   На многаја лета, Владико!

 

 

         

 

Извор: Повардарска епархија