florida.bg2.jpg


   За време на празниците Богојавление и Собор на Свети Јован Крстител имав можност да пропатувам скоро 3000 километри заедно со свештеникот Ристо Тоцинов и самиот да се уверам во големината и напорот на Македонската Православна Мисија на овие простори. Бев воодушевен од малубројните но големи верници и родољуби кои возат и по 200 километри за да присуствуваат на Богослужба на свој мајчин јазик. Големата желба да се има своја црква и свој свештеник лесно ја совладува оддалеченоста.

florida.bg.jpg
florida.bg1.jpg


  На празникот Богојавление во  црквата Свети Димитриј во Палм Бич Гарденс отец Тоцинов отслужи Света Божествена Литургија по која прекрасно беседаше за значението на овој празник. Потоа го пресече славскиот колач, изврши лицитирање на икони и Богојавленски Водосвет.
Ова празнично расположение беше дополнето со свечен ручек и народна веселба.
    Наредниот ден на празникот Собор на Свети Јован Крстител во црквата која го носи името на овој голем пророк и претеча во Њу Порт Ричи пред повеќе од 200 парохјани беше отслужена Божествена Литургија, а потоа во чест и слава на светителот се направи празничен водосвет и се освети и прекрши славскиот колач.

florida.bg3.jpg

 

florida.bg4.jpg
florida.bg5.jpg


                                                      Фото и текст: Глигор Стефанов

Посети:{moshits}