09.08.2012 год. 

Најзборувана епизода од патувањето на претседателот Владимир Путин на Валаам стана поздравот на претседателот од страна на еден од свештениците. Тој му ја целивал раката на Претседателот, што предизвикало големо зачудување и кај Владимир Путин и пред широката аудиторија на средствата за масовна информација(СМИ)
 

Metodij.Valaam.Putin.jpg


Како што стана познато на Правмир, тој свештеник – е македонец, кој многу години живее на Валаам и чува редица на балкански традиции. „Темпераментен по грчки, тој не само на Путин би можел да му ја целува раката. На Света Гора, исто така, кога мирјаните му бакнуваат рака на свештеникот, тој исто така им ја бакнува раката“ појаснил за Правмир монах, познат со свештеникот.

 «Тој монах креативно пристапил кон делото: направил традиција да пречекува гостите на влезот, да им ги објаснува внатрешните правила и да ги угостува. Масата кај гостоприемникот постојано е поставена – сладости, овошје, ореви и неизбежно слатко од смокви. Него го вареле и испраќале родителите на о. Методиј.» — така си спомнуваат за него други валаамски поклоници.
На вниманието на читателите им се предложува беседата со иеромонахот Методиј (Петров)

Отец Методиј, зошто одлучивте да заминете од Македонија на Валаам?

-  Му благодарам на Бога за тоа што ме удостои да дојдем во Света Русија, во срцето на Русија, во Светата Троицко-Сергиева Лавра, на Сергиевиот Посад. Тоа беше на 21 август, 1992 г. По благослов на највозлубениеот батјушка старецот архимандрит Кирилл (Павлов) останав таму како послушник, и живеев околу половина година. И по негов благослов дојдов на Валаам заедно со владиката Панкратиј, на 6 Февруари, 1993 година.
 Манастирот тогаш беше во разурната состојба, и беше јасно, дека ни предстои тежок градежен крст. Но не смее да не се спомне за таа благодат, која веднаш се почуствува, уште едвај приближувајќи се до островот. Мене не ми се допадна само манастирот, туку имав такво чуство, кое се јавува, кога човек сретнува многу добар пријател, или кога некој важен настан се случува во животот, од што душата ја посетува необична радост. Јас навистина имав таква радост, која не можеше да биде заменета со разурнатата состојба на надворешните ѕидини на обителта и со општото неблагоустројство.


Како се сложуваа првите денови во обителта?

 

Metodij.Valaam.Putin1.jpg

Иеромонах Мефодий (Петров).

- Можам да кажам, дека најсреќните мои денови беа кога јас бев послушник(искушеник) на Валаам, без оглад на тоа што имаше и тешкотии, а и многу послушанија. Тогаш имаше малку браќа, само околу десет луѓе. Некои од отците кои први дојдоа во обителта која се возродуваше, веќе ја напуштија; други доаѓаа на краток рок, размислувајќи да останат тука или не. Но главно дело во животот на секого – е божествената благодат, која немоќните ги лекува, бедните ги исполнува – таа ги наполнуваше силите при сите непријатности и ги покриваше нашите немоќи.

Заедно со браќата цепевме дрва, носевме заеднички послушанија, наскоро започнавме пополека да ги востановуваме келиите. Меѓу нас, се сеќавам имаше еден брат, кој особено сакаше да ремонтира и поправа келии, и кога завршувал една, него го преселуваа во друга, запуштена, и тој почнуваше и неа да ја реставрира (се смее). Секако, сè се одвиваше под строго раководство на началствата.

За мене, засекогаш незаборавени ќе останат средбите со месните жители од тоа време. Тогаш, како што е познато, месните жители живееја во внатрешниот дел (од манастирот). Ние имавме практично заеднички влезови. Не гледајќи на тоа дека имаше и духовни разидувања, разлики во светогледот, зашто сеуште траеше наследството од советското време – за мене како странец, беше посебно чудесно да го откривам рускиот човек. Јас секогаш имав љубов кон Русија. Но таа љубов посебно се пројави, секако, тука.

Мислам дека во рускиот човек, некаде во длабочината, во подсвеста, во внатрешниот хоризонт – е заложена огромна вера во Бога. И мене ме поразуваше при беседите со валаамските жители тоа, колку тие луѓе беа богољубиви.  Иако тие знаеја да се однесуваат во некои аспекти кон монаштвото неприемливо, но никогаш во никого јас не видов богоборство, непријателство кон Бога, и во сите сретнував доброжелателност. Е тоа мене многу ме поразуваше, душата се радуваше, и чувствуваше таква возвишување! Од една страна Господ даваше голема благодат, а од друга – мене ми се откриваше тој прекрасен хоризонт на убавината на руската душа.

Metodij.Valaam.Putin2.jpg
 Со детенцата валаамски имавме исто така незаборавно општење, многу од нив доаѓаа и кај мене во келија. Можеби, за монахот тоа е неприемливо, но тогаш тие живееја многу бедно, имаа потреба од внимание, бомбони, малечки подароци...
Некако Господ секогаш устројуваше, јас секогаш да имам бомбони за нив. Принесуваа луѓе од поклониците, од познатите, и секогаш им стигаше на сите. И така десеттици деца доаѓаа во мојата келија до тогаш додека не беше даден благослов да не се пуштаат во внатрешниот дел(од манастирот) .

Тогаш се најде друг начин – јас живеев на вториот спрат, над арката – и тие почнаа да доаѓаат во секое време од денот и ноќта, и да ми фрлаат со камќиња на прозорот, за што јас отварав и им фрлав бомбони (се смее). И така, меѓу нас се создаде таков начин на комуникација, кој траепе многу години, додека не ме преместија во друга келија.

Околу 6 години јас бев ризничар во манастирот, и поминував во олтарот по 14 часа, грижејќи се за садовите, благоустројството на храмот, ги чистев моштите – и тоа е огромна среќа за монахот. Подоцна, по благослов на владиката, добив послушание помошник игумен за прием на гости, и на мојата служба и беа предадени сите не одремонтирани гостилници и други објекти.

 Metodij.Valaam.Putin2.jpg

Со отворањето на нашиот Православен Културно – Просветителски Центар „Валаамска Светлина“ (во 2005 год) не само што продолживме да се занимаваме со прием на гости и реставрација, но и го започнавме нашето социјално служење: да им помагаме на децата, пензионерите, да организираме многубројни културни настани. Особено важно за нас е тоа што во рамките на нашиот Центар се привлекуваат сите творчески луѓе. кои што сакаат да ù принесат на Црквата.

Јас мислам дека љубовта е заложена во рускиот човек, само треба да се пројави. И многу од тие луѓе, кои што живееле на Валаам, пред наши очи стануваа верници, а благодарение на децата, некои дури и се воцрковуваа. Постепено почнаа да се сложуваат и односите со некои месни жители, кои што сметаа дека манастирот го зазема нивното место.
Тогашното население навикнало да живее слободно, а манастирот побара определени правила на однесување, кои за некого се јавиле неудобни, и од тука некогаш произлегуваа разногласија. Но во внатрешниот живот на браќата ( повторно ќе речам дека благодатта Божја покриваше сè) – практично не се чувствуваше измореност и потиснатост при носењето на тој тежок градежен крст.

Нашиот храм беше покриен со шума, буквално како црна рака, која ја одзема божествената светлина, која секогаш била на ова свето место. И најважното што беше во срцата на сите монаси и браќа, кои Господ ги приведе на Валаам во тоа време беше – што е можно побрзо да се востанови нашата обител. Кога ја изучувавме историјата на нашата обител – во ушите ни ѕвонеа зборовите и скорбта на нашите отци. Вие знаете дека кога во 1940 година, тие ја напуштаа нашата обител, пред самото заминување тие хорски  го испеле тропарот на преп. Сергеј и Герман. Имало тага што се напушт оваа велика светиња, овој велик манастир. Секој од нив знаел дека, можеби, никогаш повеќе нема да го види Валаам.

Кога го читав тоа место во историјата на нашата обител, ми се чинеше дека секогаш треба да го помниме тоа, дека браќата на манастирот, кои биле во прогонство, постојано се молеле за неа, и за нејзиното востановување. И никој од нас не се сомневаше, дека со помошта Божја и со молитвите на преп. Сергеј и Герман – Валаамската обител ќе биде востановена. Денеска таа стана една од најзначајните и славни обители, кои високо го држат знамето на Православието

 Вашата отценка за овој дваесетгодишен период?

- Јас мислам дека за овој дваесетгодишен период, трудот на секого се јавува камен во фундаментот, по кој одат валаамските иноци. Периодот на востановување постепено завршува, и би сакал, браќата што доаѓаат во манастирот, секогаш да помнат, каков го добивме ние Валаам од советските власти – практично во руини – и каков огромен подвиг изврше владиката Панкратиј со браќата, востановувајќи ја обителта во тој рок. Градењето сеуште се продолжува, но јас многу се надевам, дека ќе дојде време кога основните сили на отците ќе бидат насочени кон внатрешниот созерцателен живот, кој што е поважен во монаштвото.

Сега имаме благопријатни услови за тоа, да би започнал вистинскиот духовен живот, кој секогаш бил Валаам; секој монах може да се подвизува и да му принесе на Господа стократен плод. Имаме прекрасен устав, прекрасни богослужби, благоустроени келии, се сложува скитскиот живот и започнува отшелничкиот. Блажен е оној човек, кој што доаѓа во нашата обител и има можност да му принесе на Господ труд според силите.


Еднакво ли е православното сознание кај југословенскиот, македонскиот и рускиот народ?

- Тоа е еден дух по крвната словенска линија. Но, познато е дека иднината на светот е сврзана имено со Русија. Секој духовен човек, кој што малку се разбира во божествените откровенија, знае, дека Русија – е последната, третата христијанска импрерија, после Римската и Византиската.

Metodij.Valaam.Putin4.jpg

 Византија повеќе ја нема, Русија – силна држава, помина најтежок период на богоборство, но, слава на Бога, денеска преку покајание се возродува. Може да се спомнат зборовите на преп. Серафим Саровски, дека Русија секогаш ќе биде силна и страшна за непријателите.
Не  случајно првата атомска бомба во Русија ја создале имено на територијата на манастирот. Кој знае што би се случило со светот, ако со тоа страшно оружје монополно би владеела Америка и ако Русија не би создала стратегиски баланс во светот? И естественом, секој од нас, кој се јавува чедо на православната Црква, го обраќа својот поглед кон Русија.

Сè што се случува во Русија, за малечката Македониа – е критериум, тоа е тоа, кон што треба да се стремиме. Кај нас секогаш со особено чувство гледале на Русија, чекале од неа помош, духовна поддршка. Ние со восхит набљудуваме како кај вас се отвораат храмови, манастири, се возродува духовниот живот.

Сето тоа е многу важно за светот. Би било добро, и другите народи, другите религии ( гои обични ги нарекуваат погрепни) Бог исто така да ги просветли во тоа, дека иднината на човештвото е сврзана со Русија.
Многу се погрижил сатаната, да ја понижи Русија, да ги насочи луѓето на Западот против неа. Но, слава на Бога, сега руската влада му објаснува на светот, дека Русија – пред сè, не е земја на страшни комунистички догми, а земја, која родила огромно количество на светии, кои се посветиле себеси на духовниот подвиг.

Но, во Русија некои велат, дека православниот светоглед, православната етика се јавуваат како кочници за развивањето на земјата.


- Ќе одговорам со пример уште од VI век. Тогаш наеднаш насекаде се населил таков мир, што немало ни војни, ни епидемии, ни катастрофи. И ете, еден философ прашал кај еден свет отец: „Зошто е тоа така? Затоа што имаме толку виден цар кој што гради храмови, побожен, му помага на народот, се грижи за човештвото?“ Светиот отец одговорил: „Не. Тоа не е благодарение на царот, а благодарение на тоа, што на земјата сега живеат тројца луѓе, чии молитви Бог посебно ги прима. Тие му се посебно угодни на Бога. И благодарение на нивните молитви, Бог подарил мир и благоденствие на земјата“. И тој дури и ги кажал имињата на двајцата од светите отци, а третиот бил самиот тој, но за себе премолчил.
Така и ние во православната Црква не треба да разговараме за економијата, пазарот, а должни сме да го поткренеме духовниот живот на човекот, за барем двајца – тројца луѓе да би достигнале таква светост, што би можеле да му помогнат на сиот свет да се избави од несреќи. Валаамските монахи, според своите сили, непрестајно се молат за спасение на сето човештво од беди.
Светителот Филарет велел: „Непријателите свои треба да ги љубиме, непријателите на државата – да ги уништуваме, а од непријателите на Бога – да се гнасиме“.
Секако, Црквата треба внимателно да се однесува кон било која световна идеја, да ја разгледува од гледната точка на возможното доаѓање на антихристот. Ние ги набљудуваме настаните, го изучуваме Евангелието. Зашто, на пример, уште во 1912 година имало пророштва за тоа што ќе стане со Русија после пет години, со доаѓањето на болшевиците, за нивната идеологија и практика.
И Хитлер, на почетокот им предлагал на народите лажни идеи, го развраќал сознанието, а потоа ги испраќал кај нив своите војници. И сега ние се плашиме, за во Русија денешната слобода, навлегувањето на секакви надворешни влијанија да не би ја поразиле моралната чистота и душа на народот. Пазарот, економијата, никој нема намера да ја ограничи, тие си имаат свои закони. Но, моралноста – тоа е многу важен критериум во сите постапки и дела, и во бизнисот.

Често зборуваат за тоа, дека имено протестанскиот, лутеранскиот светоглед, и етика им помогнале да се развијат на државите од социјално – економска точка на поглед (се подразбираат пре сè земјите на Северна Европа, Германија). Нивната етика учи, дека живеејќи во овој свет, со своите добри дела, со тоа како работиш. Ти во секој момент директно обштиш со Бога и Му служиѓ. А во православието е главно – додека ти живееш во овој свет, не греши, и на тој свет сè ќе ти се пресмета.

- Тоа е неправилна интерпретација на православието, на неговото влијание на поведението на човекот, на неговиот успех. Затоа што во православието, човек, дури и за да се смета просто религиозен, во својата личност треба да совместува 4 аспекти: литургиски, догматски, канонски и морален.
Секако, лутераните моралниот аспект, и социјалниот живот го довеле до многу висок степен. Може да се радуваме, на пример, колку е развиено во Германија уважувањето кон личноста, колку многу дејствуваат прекрасни социјални програми. Но ако кај нив отсуствуваат останатите три аспекти и човекот не ги знае догмите на Црквата и може да ги нарушува, не ги знае светите апостолски канони – тоа е нерелигиозен човек.

Во протестанските земји, како што реков, ние ги почитуваме нивните достигнувања во социјалниот живот. Но веќе тоа, како кај нив се извршуваат таинствата, колку е сето тоа упростено и извратено, - сето тоа се прави не според светите отци. Зашто и во Русија околу 1913 година имаше голем расцвет на економскиот, духовниот и морален живот. Економијата тогаш се строела на принципи на чест, доверба, и совест. И ако тоа не го прекинеле, сега во Русија не би гледале така на Западот како сега. Најсериозна последица од 1917 година се покажала разделбата со Црквата, кога народот насилно го одделиле од Црквата и физички ги уништувале носителите на духот. Многу е важно тоа денеска да го разбираме.

09.08.2012 год. 

Превод од руски: м-р Златко Дивјаковски

Извор: Православие и мир

Друго: