
Во периодот од 4 до 7 август, во манастирот Бранковеану во Самбата де Сус, во Романија, се одржа меѓународна библиска конференција на тема "Молитвата во Новиот Завет" во организација на Studiorum Novi Testamenti Societas.. На конференцијата присуствуваа библисти од Европа, Нов Зеланд, Америка и Хонг Конг, како и професори по Свето писмо на православните факултети од Романија, Грција, Русија, Белорусија, Бугарија и Македонија.

За време на конференцијата во манастирот беше отслужена света Aрхиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше викарниот Eпископ Иринеј, на - според тамошниот календар - големиот Господов празник Преображение. А надлежниот архиереј за Трансилваниската епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Лаврентиј, ги поздрави учесниците на конференцијата, а и самиот зеде учество на дел од предавањата.


известува: Г.Г.