Ratomir.tribina.jpg


Трибина: „Зошто голем процент од современите православни христијани НЕ ГО ЧИТААТ СВЕТОТО ПИСМО?“

Ratomir.tribina.jpg

Ratomir.tribina.jpg

Ratomir.tribina.jpg

На 19. јуни 2012 г. во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во рамките на „Седмицата посветена на Светото Писмо“ (18. – 24. јуни)
се одржа трибина: „Зошто голем процент од современите православни христијани НЕ ГО ЧИТААТ СВЕТОТО ПИСМО?“. Воведен подстрек на присутните им дадоа: протоѓакон проф. д-р Ратомир Гроздановски, презвитер Горан Стојчески и новинарот Горан Величковски. Во продолжение на излагањата, учесниците можеа да поставуваат прашања.

Во воведот се истакна ставот на грчкиот митрополит Јеротеј Влахос дека за духовната болест на човечкиот род можат да се најдат лекови во духовната аптека – Свето Писмо. Но, за разлика од лековите за психо-соматските болести кои лекарот ги пропишува и се купуваат од аптека, лековите за духовните болести мора да ги има во себе духовниот терапевт за да може да ги пренесе на страдалникот.

Ratomir.tribina.jpg

Во овој контекст, за да порасне читаноста на Светото Писмо треба христијаните поинтензивно да го живеат Литургијскиот живот, да постот, да се молат, исповедаат  и да бидат под духовно водство. Ова пред сè важи за личниот пример кој го даваат свештенослужителите.

Како да се чита Библијата ?

 Треба да се чита полека од полесно кон потешко со внимание на секој збор и темелно размислување потоа. Важно е да се има толкувње од духовник инаку може да биде опасно по духот. Читањето за време на постите е особено плодно.
Добро е да се почне со Беседата на гората па да се продолжи со евангелието според Марко.
Да пробаме да прочитаме и по случаен избор еден збор или реченица и да внимаваме како тој збор или реченица ќе си најде место во текот на денот. Децата можат да почнат со лесни текстови во кои се истакнуваат добрината, љубовта и убавината.
Светото Писмо е пишувано со боговдаховение и затоа е клучно присуството на Светиот Дух во текот на читањето.

Во периодот од 1997.-2012. се издаде и превод на книгата Добротољубие со упатства за христијански живот и етика. Може да се чита без посебна подготовка но изискува особена волја за да се живее според него.

Ratomir.tribina.jpg

 Ratomir.tribina.jpg

Ratomir.tribina.jpg

Ratomir.tribina.jpg

Ratomir.tribina.jpg

Ratomir.tribina.jpg

Ratomir.tribina.jpg

Ratomir.tribina.jpg

 Лето Господово 2012

  • Ратислав Кардалев
  • Преминпортал

Друго:

Започнува седмицата посветена на Светото Писмо

МЕСИЈАТА – очекуван од Старозаветниот народ Божји – Израелот и сведочен од Новозаветниот - Црквата