Sterling Heights, USA - Во Првата недела по Духовден, кога Светата Црква го празнува споменот на Сите Светии,  во Црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Sterling Heights, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско Канадски г. Методиј, отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на старешината, протоерејот Синиша Ристовски и свештеникот Горан Трпчевски. На светата Литургија присуствуваше мноштво верници, кои се причестија со светите Тајни Христови.
По повод празникот митрополитот Методиј, произнесе празнично слово.

АУДИО

 

 Извор: Американско- канадска епархија