monah.molitva.zalez.jpg

Убавина

 

 

Животов е убав само во мирот на душата. Мирот е внатре, длабоко, на дното на океанот. На површината може да има бури, ама внатре е секогаш исто. Само преку допирот на овој мир можеме да ги смениме надворешните околности. Всушност, во овој мир тие веќе не се важни, тие автоматски се сменети. Господ.

Менувањето, доаѓа одвнатре. Ние создаваме од срцето. Создаваме реалности. Го создаваме својот живот. Во зависност од внатрешната содржина, проектираме надвор.

Затоа е добро и срцето и умот да бидат чисти. Во оваа чистота  мирот и љубовта ја одмараат душата давајќи ѝ слободно да дише во сета полнота на постоењето слободно од секаква условеност.

сестра Макрина

Лето Господово 2012