Во петтата недела после Велигден (Недела на Самарјанката) кога Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија  ги празнува и ги споменува свети апостол Јаков Заведеев и свети Игнатиј Брјанчанинов во нашата црква парохискиот свештеник отец Васил Манасиев отслужи Света Божествена Литургија. На Светата Литургија присуствуваше голем дел од парохијаните кои го слушнаа Словото Божјо - Светото Евангелие за денешниот ден - празник, а на крајот од богослужбата и проповедтта и им беше поделена нафора. Во овој ден покрај празнувањето на жената Самарјанка, Црковната управа заедно со женската секција организираше празничен ручек по повод денот на мајката (Mother's Day). Донатор на ручекот беше благајникот на црквата г-дин Љупчо Петров со благочестивото семејство. Честито и од Бога благословено.

 

 

   Vasko.Ohajo3.jpg

   Vasko.Ohajo3.jpg

 

Vasko.Ohajo3.jpg

Напишано од прота Васил 
Понеделник, 14 Мај 2012

 Повеќе:

http://www.svetiklimentohridski.com/index.php?option=com_content&view=article&id=192%3Afifth-sunday-after-easter-2012&lang=mk