ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот великомаченик
Теодор Тирон
17 февруари / 1 март

глас 5
Со голема вера исправен, во изворот на пламенот,
како во вода на успокојување
 светиот маченик Теодор се радуваше;
 низ оган поминат,
како сладок леб на Пресвета Троица се принесе.
 Затоа, по неговите молитви, Христе Боже,
 спаси Ги нашите души!

3.angeli.so.truba
 
Извор МПЦ-ОА


Тропар на светиот
Христов новомаченик
Теодор византиец
17 февруари / 2 март

Благословен да е Господ наш и твој,
о свети новомачениче Теодоре,
Кој сите ги приведува до познание на вистината,
и посебно ги милува оние,
кои покајание ќе принесат при жртвеникот на Љубовта.
Радувај се христијанине,
радувај се на вистинската вера светилниче,
и за нас моли се пред престолот на Оној
Кој тебе ти прости,
и со вечен венец те овенча.


3.angeli.so.truba
         
Извор МПЦ – ОА        
Манастир свети Јован Претеча Слепче    


Тропар на преподобниот
отец Авксивиј
епископ Солунски
17 февруари / 1 март

Приемникот на благодатта Марко,
апостолот велик, го разгоре пламенот
на верата во тебе, свети Авксивие,
а таа како од достоен сад од кој се точи
Христовото спасение, се изли врз народот
на тебе поверен, пастиру Божји.
Mоли се за нас усто, која Христа Го исповеда,
за спасение на многумина.


3.angeli.so.truba 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
Маријамна
сестра на св. ап. Филип
17 февруари / 2 март

Од мирот Христов, срцето твое
мека земја стана за Неговите проповеди,
блажена Маријамно, пролетта Господова со тебе се движеше,
утешувајќи, поучувајќи, крштевајќи и кон спасение приведувајќи.
Радувај се сега мајко наша блажена
и за нас моли се во Нетленото Царство Небесно.


3.angeli.so.truba 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (01.03.2021)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

 

1. Св. вмч. Тeoдoр Тирoн. “Тирoн” значи “рeгрут”. Самo штo Тeoдoр стапил вo вoјска, вo пoлкoт мармаритски, вo градoт Амасија, пoчналo гoнeњeтo на христијанитe oд царeвитe Максимијан и Максимин. Бидeјќи св. Тeoдoр нe сакал да криe дeка и тoј e христијанин, бил извeдeн на суд и фрлeн вo самица, заклучeна и запeчатeна, бидeјќи нeчeстивиoт судија сакал Тeoдoра да гo умрe oд глад. Вo самицата на св. Тeoдoр му сe јавил Самиoт Гoспoд Христoс и гo oхрабрил Свoјoт мачeник, гoвoрeјќи му: “Нe плаши сe, Тeoдoрe, Јас сум сo тeбe, нe зeмај пoвeќe зeмна храна и питиe, oти ќe бидeш вo другиoт свeт, вeчниoт и нeминливиoт, сo Мeнe на нeбeсата”. Тoгаш сe јавилe мнoштвo ангeли вo самицата и цeлата самица сe oсвeтлила прeблeскавo. Стражаритe на самицата ги видeлe ангeлитe, вo бeлo oблeчeни, и мнoгу сe уплашилe. Пoтoа св. Тeoдoр бил извeдeн, тoрмoзeн и на смрт oсудeн. Бил фрлeн вo oган и Му ја прeдал свoјата свeта душа на Вишниoт Бoг. Пoстрадал вo 306 гoдина.

 

Свети Марут

Епископ на градот Тагрита во Месопотамија. Прочуен по верата и добрината. Го ублажи гневот на персискиот цар Издегерд кон христијаните, ги испроси од него моштите на четиристотини маченици во Персија и основа посебен град, Мартиропол, каде што ги положи тие Свети мошти. Во тој град се упокои и самиот во 422 година и замина кај Господ.

Преподобниот маченик Роман

Прост и неписмен селанец од Карпенис. Кога дозна за славата и јунаштвото на Христовите маченици, а беше млад - и самиот посака мачеништво. Отиде во Солун и почна да Го фали Христа по улиците, а Мухамед да го нарекува празнословец. Турците жестоко го изнамачија, па му го продадоа на некој капетан на една галија. Христијаните го откупија од капетанот и го испратија на Света Гора, каде што Роман стана монах кај прочуениот Старец Акакиј. Но тој и понатаму беше желен за мачеништво за Христа. Со благослов на Старецот отиде во Цариград, се направи луд и почна да води куче по турските улици. На прашањето што прави, одговори дека го храни кучето како што христијаните ги хранат Турците. Турците го фрлија во сув бунар и таму помина четириесет дена без леб. Потоа го извадија и го заклаа. Од неговото тело три дена избиваше светлина. Еден Англичанец го зеде телото и го однесе во Англија. А еден монах натопи една крпа со крвта на маченикот. Па таа крпа и денес се чува во манастирот Дохијар. Овој славен Христов војник пострада во 1694 година.